Филмскиот фестивал „Џифони патува“ – кај младите во Кавадарци на 19 и 20 јуни

1322

Фестивалот Џифони Македонија продолжува да патува низ нашата земја. Кавадарци е шеснаесетта општина каде на 19 и 20 јуни ќе се одржи Филмскиот феситивал за млади „Џифони патува во Кавадарци“ во Домот на култура “Иван Мазов – Климе“.

„Џифони патува” е проект наменет за младите од нашата земја, кој преку ширење на идеите на најголемиот фестивал за млади во светот „Џифони Експириенс” од Италија и активно ги вклучува на младите вљубеници во филмот и културата.

Во текот на двата дена младите учесници ќе го гледаат филмови и ќе дискутираат за темите на филмовите со актерот Роберт Ристов кој ќе биде ментор на актерската работилница. Младите од Кавадарци ќе ја развиваат својата креативност и преку работилница за фотографија под менторство на професорот Роберт Јанкулоски, а ликовната работилница ќе ја води Моника Мотеска. Фестивалската програма „Џифони патува“ во Кавадарци се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм и Фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Кавадарци, Домот на култура “Иван Мазов – Климе“ и Италијанската амбасада во Скопје.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.