Млади шахисти и маратонци, со грст успеси

16
Гевгелија, 7 јуни 2022
 Во организација на Шаховскиот клуб „7 Ноември“- Гевгелија, се одржа Турнир за деца и Сениорски двомеч помеѓу Шаховските клубови од Гевгелија и Струмица. 16 дечиња од општина Гевгелија си ги измерија шаховските сили, поделени во две групи. На турниот, доминираше Кристијан Кавазов од ШК „7 Ноември“- Гевгелија, освојувајќи го првото место. Зад него, на второто место се пласираше Михаил Танушев.
Во шаховскиот двомеч на сениори, со резултат 3:2, гевгелиските шахисти ги победија соседите- нивните колеги.
Задоволни од одржувањето на двата меча, организаторите се надеваат дека во иднина ваквите средби на сениори ќе бидат  чести, а во просториите на Шаховскиот клуб „7 Ноември“ ќе
гостуваат и шахисти од други градови, натпреварувајќи се со  членовите на гевгелискиот шаховски клуб.
Уште една вест за младите и нивните успеси ни доаѓа од Гевгелија. Седум атлетичари од гевгелискиот Атлетски клуб „7  Ноември“ беа дел од 6 издание на „Охрид трчат“, Никола Ковачев, Ангел Делиќ, Ристо Чалков, Цеца Србова, Живко Петков, Благојче Темелковски и Мијалчо Андоновски зедоа учество на трката на 5 километри во машка и во женска конкуренција, како и во машка конкуренција на полумаратонската трка.
Сите покажаа голема професионалност и максимална издржливост и во двете
трки, со ушто уште еднаш достојно го презентираа гевгелиското маратонско трчање во чест на лицата со ретки болести.
 Драган Ристов и Дарко Прошевски, членови на Атлетскиот  клуб „7 Ноември“- Гевгелија, го претставија својот клуб на
Sultanitsa Trail Run во Грција. Двајцата трчаа по падините на  планинскиот венец Керкини, која патека беше во должина од 8,1 км.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.