НА ПРВИ ЈУЛИ: Kаролина со концерт во Скопје 

30

“Како сублимат на една неверојатно богата кариера, со 10 студиски албума и безброј хитови и евергрини, големо задоволство ни е да ви најавиме дека нашата Каролина за прв пат ќе одржи open air концерт во Скопје под името “Ајде да летаме – GREATEST HITS” на 1ви јули, на Стадионот на АРМ во Скопје”, најавува организаторот Авалон продукција.

Концертот ќе биде со сериозна, светска продукција, светло и звук – какви што доликуваат на голем и грандиозен концерт на Каролина Гочева.Патувајќи низ времеплов од спомени и емоции, на 1ви јули во живо ќе може да ги слушнете: ,,Хипокрит”, ,,За нас”, ,,Капка под небото”, ,,Не се враќаш”, ,,Се лажам себе” и уште многу други хитови кои ја одбележаа 30 годишната кариера на Каролина, додаваат тие.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од среда (08.06) на avalon.mk и низ нашата продажна мрежа, по следните цени и категории:

Партер – 700 денари

Фан пит  – 990 денари

Вип (коњопои) – 1500 денари

Фотограф – Мартин Трајановски

Шминка – Дадар

Фризура – Јасмина Костиќ

Стајлинг – Цаци Паковска

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.