На 8 јуни ќе се одржи детскиот фестивал “Распеано детство”

207

На 8 јуни 2024 година во големата сала на Домот за култура “Трајко Прокопиев” во Куманово ќе се одржи  фестивалот “Распеано детство 2024”, со дваесеттина учесници од Македонија, но и гости од Србија и Бугарија.

Директорот Драган Јаким по тој повод даде подетални информации во своето гостување на програмата на Македонската радио и телевизија .

 

Фестивалот ќе биде снимен од професионална телевизиска екипа, ќе биде издадено фестивалско ЦД, носач на звук, и ќе биде достапен на јутјуб каналот на здружението “Ризница”, кое е организатор на фестивалот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.