По повод Детската недела, “Литера” со работилници за деца во Гевгелија

13

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, а по повод одбележувањето на Детската недела, Гевгелија ќе биде домаќин на дводневен Меѓународен фестивал за литература и илустрација за деца. Станува збор за патувачки карван на „Литера“ со работилници за деца на тема „Сликовница“.
Првата работилница ќе биде одржана на 14 октомври, 2022 година, во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, „Крсте Мисирков“- Гевгелија и „Ристо Шуклев“- Гевгелија, на која учениците ќе имаатможност да читаат и обработуваат сликовници за деца од
домашни автори. Истиот ден, со почеток во 20 часот, во Домот на културата „Македонија“, ќе биде поставена Изложба на македонска илустрација „Дом без граници“.
На изложбата, ќе бидат прикажани илустрации за деца на авторите: Кристијан Јовановски, Наташа Андонова, Инес Ефремова и Надица Златкова.
На втората работилница, на 15 октомври, 2022 година, со почеток во 10.30 часот, децата ќе се запознаат со процесот на создавање сликовница, а со почеток во 12 часот, на вториотдел од работилницата ќе се разговара на темата: „Сликовница без граница“.
Целта на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца, годинава, со патувачки карактер, има за цел квалитетните книги и илустрации да ги доближи до што повеќе деца во различни делови од земјата, водејќи се од призмата дека квалитетно општество се гради уште од мали нозе.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.