Вчеравечер се отвори 8.издание на „Џифони Македонија“- Џифонци се препуштија на магијата на филмот и креацијата  

784

На „Џифони Македонија“ откриваме нови хоризонти – Џифонци од денеска се препуштаат на магијата на филмот и креацијата

 Скопје, 26 септември

Задоволство ми е што стигнаме до 8.издание на „Џифони Македонија“, во кое преку онлајн-врска да придонесеме духот на Џифони да влезе во нивните домови, а и кај 50 млади од 12 држави надвор од Македонија, кои ќе се дружат со нашите џифонци. Ова издание го направивме,  хибридно. За среќа, го имаме летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката, кое периодов стана култно, но главната програма ќе биде онлајн. Благодарение на поддршката на ОБСЕ, добивме платформа – отворена врата за младите да ги споделат своите идеи на едно место – рече Дарко Башески, извршен директор на „Џифони Македонија“, на отворањето на фестивалот синоќа. Почетокот на фестивалот беше означен со италијанскиот филм „Мојот брат брка диносауруси“.

Преку видеоврска на отворањето учествуваа и 15 млади од Џифони кои заедно со директорот и основач на „Џифони Италија“, Клаудио Губитози.

-Многу сум среќен што ве гледам сите присутни. Во оваа необична година во која на патот ни излегоа нови предизвици, се охрабривме и направиме одлично 50.издание и покрај потешкотиите со кои се соочи светот годинава. Овогодишното искуство ни отвори нови хоризонти, не можевме да замислиме дека ќе треба да измислуваме нови начини да се доближиме до нашите учесници. Активностите на јубилејното издание ќе траат до крајот на година. Ви посакувам успешен фестивал – рече Губитози.  

Присутните ги поздрави италијанскиот амбасадор во земјава, Карло Ромео, за кого ова е последно издание на фестивалот, зашто му завршува мисијата во Македонија.

-Среќен сум што сум овде со вас, но чувствата се измешани, зашто ова е мој последен „Џифони Македонија“ како амбасадор. Во овие четири години работевме на многу проекти, на промоција на италијанскиот јазик и култура, а „Џифони“ е еден од оние проекти со кои сите може да се пофалиме како успешен проект, бидејќи „Џифони Македонија“ е среќна оаза, која има италијанско потекло, но меѓународен дух и пренесува важни пораки до младите – рече Ромеро.

По свеченото отварање,присутните имаа можност да го проследата филмот „Мојот брат брка диносауруси“. Од денеска Фестивалот продолжува со дневни онлајн работилници и проекција на онлајн филмови кои ќе можат да ги следат и да се вклучат во нив учесниците од странство и вечерните проекции, секоја вечер во 19 часот во Кинотека на Македонија.

Татјана Гогоска

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.