Време- Од вечерва зима со снег во Македонија

    51

    Денес времето во државава ќе биде променливо облачно со умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има врнежи кој на пониските места ќе бидат најпрвин од дожд и полека ќе преминуваат во снег, додека на повисоките места и на планините врнежите ќе бидат од снег. Врнежите повеќе ќе ги има во западните предели.

    Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени, меѓутоа поради спуштање на многу студена воздушна маса од север кон крајот на денов значително ќе опаѓаат.

    Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има слаби врнежи од дожд кој полека ќе преминуваат во снег. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 6 степени. Кон крајот на денов, истата значително ќе започне да опаѓа.

    Ни престои снежен и многу студен викенд!

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.