„Господ постои, името и е Петрунија“ од денеска во кино салите низ Франција

1256

Според најавата, македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на режисерката Теона Стругар Митевска, од денеска почнува да се прикажува во кино салите низ Франција.

После Франција, за филмот се најавени е прикажувања во Кина, Јапонија,Австралија, Јужна Америка: Бразил и Колумбија, во Канада, Турција и земјите од Блискиот Исток, во источна Европа : Русија, Полска, Романија, Унгарија, Украина, Италија, Шпанија, Белгија, Австрија, Луксембург, Шведска, Данска, и Швајцарија, до речиси секаде на Балканот Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Грција.

Француската компанија за продажба „Пирамид“, која ги откупи правата за продажба, досега го пласираше филмот во 28 земји низ целиот свет.

 

 

По светската премиера на филмот беше на 10 февруари на 69. Берлински филмски фестивал, и одличниот прием кај публиката и филмската јавност, филмот ја имаше својата премиера и во Македонија на 15 март.Во тек се преговори за прикажување во САД, Германија и Мексико.
Филмот е продаден и на телевизиската куќа HBO, која ќе почне со прикажување откако ќе заврши светската кинодистрибуција.

Дефинитивно „Петрунија “ ќе го види светот и низ одличниот филмски јазик ќе покаже дека „Господ постои, името и е токму Петрунија„

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.