Најнови филмски остварувања-„Greenland” со Џерард Батлер

26

Објавен нов трејлер за филмот „Greenland” со Џерард Батлер во главната улога. Филмот е во режија на Рик Роман Вау, а сценариото го напиша Крис Спарлинг. Продуценти на филмот се Џерард Батлер, Василиј Иваник, Себастијан Рејбауд и Алан Сигел.

Во филмот освен Џерард Батлер, глумат и Морена Бакарин, Скот Глен, Ендру Бачелор и Дејвид Денман. Премиерата на филмот се очекува на 14 август 2020 година.

Филмот раскажува приказна за – Земјата која е  загрозена од апокалипса и наместо спасување на планетата, главниот фокус овој пат е насочен кон спасување на најблиските. Критичарите тврдат дека ова е веќе изџвакана тема, но тие го препорачуваат овој филм на сите љубители на акциони филмови.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.