Со летот за Бремен на 1-ви јули, почнува со работа Меѓународниот аеродром во Скопје

    36

    Со летот на „ВизЕр“ за Бремен, Германија во 6 часот наутро, меѓународниот аеродром во Скопје и официјално ќе започне со работа по пауза од речиси три месеци. Летови ќе има и за  Ларнака, Стокхолм и Келн со истата компанија.

    Според протоколот за работа, патниците на аеродромот треба да пристигнат три часа пред летот. На самиот влез ќе ги дезинфицираат рацете и мора да носат заштитна маска. На термална камера ќе се врши проверка дали имаат покачена телесна температура. Користењето на чекалните ќе се редуцира, а сомнителните патници ќе бидат спроведени  во соба за изолација. Во авионот нема да има ограничување на местата за седење, но патниците заштитната маска ќе мора да ја носат за време на целиот лет.

    Во аеродромските згради ќе можат да влегуваат само патниците. Испраќањето и пречекувањето на патниците ќе биде пред аеродромската зграда.

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.