Успешно одржан семинар за наставници за Википедија на македонски јазик

38

На 17 феврури 2022 година во ОУ Гоце Делчев во општина Аеродром, се одржа семинар на наставници во организација на Глам Македонија. На семинарот присуствуваа 10 предметни наставници.

Предавање одржаа М-р Татјана Гогоска која зборуваше за медиумската писменост и култура, Ана Вишинова за Вики Клубот и неговите активности и Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ за позитивните аспекти на користење на Википедија.

За време на семинарот присутните беа запознати со медиумската писменост и култура, со предизвиците за тоа како се користи Википедија во училница, и на крајот со активностите на Вики Клубовите како и програмите на Здружението. На крајот сите присутни наставници се здобија со сертификат за завршена обука за користење на Википедија на македонски јазик.

Обука на наставници е дел од образовната програма на ГЛАМ Македонија.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.