Детски литературен фестивал „Ракатки“ во 15-то издание

1216

Денеска и утре (12 и 13 април ) во организација на Фестивалски одбор, ќе биде одржано 15-тото издание на Детскиот литературен фестивал „Ракатки“.

И овој пат ќе се чујат многу нови творби од децата, а во Програмата се вклучени настапите на млади литерати, врачување на дипломи и награди и настап на млади музичари и гости писатели за деца.

15 години врвни македонски писатели, наставници и лектори се дел од оваа успешна приказна во која главни ликови се децата творци на прекрасна поезија и проза. Средбите со младите литерати, нивната љубов кон мајчиниот јазик е поттик и голема радост како за членовите на Одборот, така и за наставниците и менторите. Тие заедно ја градат и негуваат љубовта кон пишаниот збор.-велат во најавата за годинешната манифестацијата од Фестивалскиот Одбор.

Вториот ден е резервиран за заедничка прошетка и дружење со посета на знаменитостите на Скопје  и пикник.

Фестивалот се отвара вечерва во 18 часот во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ во Скопје.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.