Kако да научите странски јазик најлесно- Следете ги упатствата на “Voices”

1448

Оставете ги на страна книгите по граматика и почнете да учите!

Дали сте посакале некогаш да научите некој јазик, а сепак да не платите за скапите часови? Без гајле, можете да го сторите тоа самите. „Самите“-ќе прашате, „ Нели е тоа премногу сложено? Зар не треба да сум супер талентиран за тоа?“ Не е сложено, само бара повеќе труд. И не, не ви е потребен талент, само вистински пристап. Ајде да ги погледнеме клучните елементи за учењето јазик со сопствен труд.

Photo by Thomas Kelley on Unsplash

Секое настојување нешто да се научи започнува со мотивацијата. Ако сте мотивирани и решени да постигнете некоја цел тогаш навистина можете. Значи, зошто сакате да го научите овој јазик? За да најдете подобра работа, да ги воодушевите пријателите, да запознаете нова култура или да се предизвикате себе си? Што и да е, запрете се малку, напијте се голтка од чајот и запишете.Подоцна секогаш кога ќе се почувствувате обесхрабрени пред предизвиците, дали од германските падежи или кинеските симболи, вратете се на почеток и потсетете се зошто сте тука на ова патување. Сега кога сте подготвени не се нафрлајте само така на непознатото туку бидете подготвени.

Направете стратегија за учење! Учењето јазик е секогаш голем предизвик. Има толку многу работи да се научат и на почеток може да биде премногу. Седнете пред да почнете и изберете 2 или 3 цели и запишете ги. На пр. За една недела сакам да знам да пишивам и читам Кирилица. За 3 недели сакам да бидам способен да се претставам себе си. За 6 месеци сакам да читам весници. Поставете некои цели кон кои ќе се насочите. Потоа погледнете ја првата цел и размислете како ќе ја постигнете. Што ви е потребно да научите за тоа. Кои материјали за учење ви се потребни. Каков речник и какви вежби ви се потребни. Исто така колку време дневно ви е потребно да посветите. Размислете извесно време за овие работи и спремете ја вашата стратегија. И како што напредувате прилагодете ја попатно. Додадете нови цели, преиспитајте ги старите.

freddie-marriage-92609-unsplash

Овие цели ќе ви овозможат да направите стратегија во учењето но исто така ќе ве поврзат со првичната мотивација. Ќе ве натераат да продолжите се додека не стигнете до следната точка на тој ваш пат од учење. Но тие исто така ќе ве исполнат со задоволство кога ќе ги поминете. Неверојатно е чувството да можете да направите разговор целосно на друг јазик за првпат.

Веројатно најважната работа во учењето јазик е постојаноста. Учете постојано, секојдневно. Но тоа не значи да учите по 5 часа дневно. Но бидете постојано во контакт со јазикот секој ден. Може да изгледа неверојатно да треба да одвоите доволно време за учење секој ден. Работата е да ги правите истите работи што и онака ги правите но на новиот јазик. Читајте на новиот јазик, зборувајте со оние на кои тоа им е мајчин јазик, слушајте песни, гледајте филмови или играјте видео игри со превод.

Се разбира, на почетокот ќе треба да имате основен речник и структура. Но набрзо ќе видете дека можете да го користите јазикот. Започнете со користење обични фрази, а потоа поминете на попрости текстови. Слушајте го изговорот и гледајте го начинот на пишување. Ставете ги на половина од нормална брзина ако е потребно. Бидете креативни и најдете употреба на јазикот во секојдневието.

На почетокот ќе биде поголем предизвикот и напорот отколку на вашиот мајчин јазик но со тек на време вашето познавање значително ќе се подобри. Створете навика да го користите јазикот (прочитајте го мојот последен натпис за навики (ВОИСЕС издание од Јануари 2019 година).

Photo by Kelly Sikkema on Unsplash

Нема да ве убедувам дека можете да научите јазик само со гледање серии и слушање на песни. Мора да учите вистински. Затоа изберете добри материјали и одлучете се за еден или два истовремено. Денес има толку многу апликации за учење јазици, курсеви, книги и веб страници. Предизвикувачки е да ги набавите или купите сите, а да не ги употребувате. Сигурно е дека ќе ви бидат потребни различни материјали. Почетникот секогаш му се потребни различни материјали од тие на оној што веќе започнал или е напредно ниво. Но насочете се на еден или два за секое ниво на учење и сменете ги во секоја наредна фаза кога ќе почувсвувате дека веќе нема што да научите од нив.

Кога го изучував португалскиот јазик најпрво поминав доста време на еден сајт што се вика Дуолинго. Тоа ми беше одлично за почеток. Но штом видов дека веќе ги познавам основните реченици и имам речник почнав да читам двојазична книга со прости приказни и тоа беше мојот основен извор. Потоа имав повеќе Скајп разговори со некој кој му е мајчин јазик и се префрлив на посложени приказни.

Photo by Conor Luddy on Unsplash

Секој метод не е подеднакво добар за секого. Јас сум заинтересиран за читање на други јазици затоа се фокусирам на книги и се обидувам да го научам читањето што побрзо. За вас тоа може да е помалку интересно. Можеби сакате да започнете веднаш со зборување. Еден мој пријател го усоврши јапонскиот јазик само со одење во пабот секоја вечер. Со неговиот сиромашен јапонски едноставно зборувал со луѓето и научил зборови додека се забавувал. Или обидете се да најдете пријатели со кои ќе се допишувате на тој јазик (добра апликација за тоа е Slowly). Постојат многу начини и методи. Добро е да се инспирираме од тоа што другите го прават но видете што е најдобро за вас, што е најефикасно и најзабавно.

Немојте да се изгубите во граматиката, сконцентрирајте се на реченици и учете преку активности. Граматиката може да е корисна алатка за учењето јазик но нема да ве доведе далеку во зборувањето и пишувањето. Посебно во почетокот заборавете на граматиката и насочете се на учење зборови и реченици. Речениците се важни бидејќи ги гледате зборовите во нивната „природна средина“ и среќавате граматички структури од секојдневите наспроти оние по табелите. Користете ја граматиката само ако наидете на нешто што не можете граматички да го разберете. За некои луѓе граматиката сепак многу користи но од она што јас можам да кажам е дека повеќето имаат корист кога ќе ја остават малку понастрана и ќе се насочат на учење во пракса.

Photo by Patrick Tomasso on Unsplash

И на крај согледајте ги вашите грешки. Да се прават грешки и да се уќи од нив е од големо значење да се стекне некоја вештина. Децата учат со имитирање на возрасните околу нив и тие се обидуваат и обидуваат додека не успеат. При учењето јазик тие се обидуваат и постепено ја  учат точната употреба на јазикот со повторување и правење грешки.И тие не знаат ништо околу граматика. Тоа е само мит дека и возрасните не можат да го сторат истото. Тие можеби се поспори во учењето од децата но методот со грешките и повторувањето исто е толку ефективно. А возрасните можат свесно да ги поправат своите грешки и да го структуираат учењето. Обидете се да почнете да зборувате со саканиот јазик. Ако правите грешки направете корекција или накратко погледнете во граматиката.

Многу од луѓето се плашат од исмејување поради нивните грешки. Но размислете како се чувствувате кога некој се обидува да го зборува вашиот мајчин јазик дури и со недостатоци. Многу од луѓето се среќни ако можат да помогнат и нема да се потсмеваат со вас. Затоа ве предизвикувам да почнете да го учите саканиот јазик со сите прекрасни грешки што попатно ќе ги направите. Сигурно може да биде и застрашувачки но и вредно за трудот.

Матис Гилсбах

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.