Додека ние се фалиме со пополнети дупки по улиците, на Марс ќе се гради град за милион жители

    564

    Американскиот стопанственик и инжинер Илон Маск, сака да подигне голем град на Марс, за чија изградба веќе се готови и деталните планови.

    За да биде прилагоден на живот треба да ги исполнува четирите најважни критериуми: инфраструктурата, енергетска одржливост, животен простор и системот за одржување на животот.

    Маск планира градот на Марс да биде готов до 2050 година, кој рок за многу научници и футуристи е прекраток. Постојат неколку проблеми со кои ќе се соочат луѓето на Марс од зрачењето до набавка на храна и вода и затоа треба да се најде соодветна локација за градот, стои во објаснувањето на Жизела Детрел, авио-инжинер од Универзитетот во Штутгард. Таа е дел на меѓународната заедница на научници и академици на архитектонската компанија „АБИБОО СТУДИО“ и приватната мрежа „Сонет“, кои веруваат дека успеале да најдат начин за одржување на животот на Марс. Тие на агенцијата Mars society, им ги предале плановите за изградба на првиот град на Марс кој го нарекле Нува а името го добил според кинеската митолошка божица која со камења го зашила небескиот свод.

    Градот Нува би требало да е сместен по должина на ивицата на  Tempe Mensu на Марс а неговите милион жители би биле на тој начин заштитени од космичкото зрачење.

    Детерлова, во моментов работи на полето на системот на одржување на животот, на кого астронаутите ќе им обезбедат потребна храна, вода и кислород за преживување во свемирот на идните мисии.

    Тоа што е неможно се вели во објаснувањето е, дека патниците нема да можат да носат храна и вода од Земјата . Затоа  во градот се мора да биде приспособено да ги задоволува потребите на населението . Треба да се произведува доволно кислород, вода и храна и да бидат доволни за целото население. Тоа мора да се обезбеди пред да почнат конкретните градежни изведби. 

     

    Жизела Детрел, верува дека е можна реализација на овој проект-милионски град на Марс и е подготвена да ја напушти Земјата и да замине на Црвената Планета- Марс.

    Секако е убаво и привилегија да се биде дел на големите чекори напред на човештвото.

     

    Превод од српски и редакција

    Татјана Гогоска

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.