Доделена Цветинова награда за мир за ценетиот професор Насер Мифтари

103


Скопје, 24 Ноември 2023 година

Во средното скопско училиште “Зеф Љуш Марку” денеска му беше врачена Цветинова награда за мир на угледниот професор Насер Мифтари, во присуство на директорот Арбен Мемети и првиот добитник на наградата шахистот Димитар Илиевски.

Наградата ја доделува меѓународно признатиот уметник и кандидат за Нобелова награда за мир Живко Поповски Цветин, кој прогласувањето на оваа награда го направил уште на петти октомври, на денот кога професорот Мифтари во Скопје примил уште една значајна награда, за истакнат просветен работник 2022/23 од Сојузот на просветните работници на РСМ.

Името на Насер Мифтари долги години е синоним за ценет и успешен просветен работник, наставник, низ чии предавања поминале бројни генерации.

Роден е во 1965 година во скопското село Никиштане, познато и како “село на учителите”, според бројот на населението, во семејство на првиот наставник со завршено четири годишно учителско училиште. Домашното воспитание и образованието на прекрасните учители, наставници и професори на сите образовни нивоа, влијаеле тој да добие сѐ што е најдобро и највредно човеково, на кои вели и ден денес од срце и со почит ѝм се заблагодарува.

По завршување на Виша педагошка школа “Климент Охридски”-1986 година, се вработува како наставник во ОУ”Ј. Х. Џинот”, во планинските села на Скопска Китка, па потоа во две градски училишта, додека од 2010 година е во СУГС “Зеф Луш Марку”, Скопје, како професор по предметот историја.

Живее и твори во Скопје. Добитник е на вредни награди и признанија од областа на педагошката дејност но и како еден вид Амбасадор на мирот.

Валентина Ѓоргиевска Парго

(Од доделувањето на Цветиновата награда за мир во канцеларијата на директорот Арбен Мемети)



(Од доделувањето на Наградата истакнат просветен работник 2022/23 од Сојузот на просветните работници на РСМ)

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.