“Кул” џез настап на Георги Шарески

27

Како претставник на младата уметничка авангарда и извонреден пред сѐ џез музичар и композитор, се очекуваше дека и со овој негов настап ќе отиде едно скалило повисоко во очите на публиката, и тоа се случи.
Имено на 23. ноември на поткровјето во “,Јавна соба” Public room уживавме во најновиот проект на врвниот композитор и гитарист Георги Шарески. Сите теми во разиграниот дух и единственоста на Шарески како композитор, но и неговиот необичен и неспоредлив стил како гитарист, овој пат изведени во крајно опуштена журка пред најверните фанови.
Ни ги објасна темите во негов штосен начин, и кажа дека биле хитови на Стотројка од кои “Бранко, Бранко, Бранко” за неговиот другар стигнала до трето место.
Во придружба на тројца од најдобрите македонски музичари, Шарески го претстави својот нов и највозбудлив репертоар до сега, заедно со Кире Кузманов – саксофон за кого рече е најдобар на Балканот, со Славчо Коцев – тапани за кого рече имал џез фестивал во Велес но сѐ уште не го поканил да гостува, Оливер Јосифовски – бас со чија помош почнал и затоа му е најблизок музичар, и секако Шарески – гитара и композиции.
Двата музички часа завршија со песна од Шпато “Дали ќе дојдеш на рандеву”… Но и како покана за следна средба.

Exif_JPEG_420

Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
Exif_JPEG_420
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.