Доделени наградите на 54. издание на Фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп

910

Победник на годинешното 54-то издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ е претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ во изведба на Битолскиот театар, а во режија на Игор Вук Торбица . Одлуката била едногласно донесена од страна на жирито во состав Бедија Беговска, како претседател и Љиљана Богојевиќ и Маја Вељковиќ како членови.

Наградата за режија ја освои Игор Вук Торбица за „Бакхи – краток преглед на распадот“. Награда за главна женска улога доби Марија Спиркоска Илиеска за Велика во претставата „Пиреј“ на прилескиот театар од каде доаѓа и наградата за главна машка улога на Александар Степанулески за ликот на Јон.

 

Награда за машка епизодна улога доби Гзим Жерка за улогата на Сент-Жист во претставата „Смртта на Дантон“ од Албанскиот театар, а наградата за најдобра женска епизодна улога замина во рацете на Биљана Драгиќевиќ Пројковска за улогата на Карлота во претставата „Странци“ на Драмски театар Скопје.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.