Единстениот „English man” – „ Стинг“ , вчеравечер професионално пред скопската публика

1148
Вчеравечер 2. јуни 2019 та година беше среќен и еуфоричен ден за Македонците. Најнапред во приквечерието големата победа на Ракометниот клуб „Вардар„ ја покрена јавноста во еуфорично навивање и славење по освоениот пехар на Европската лига на шампиони а веднаш после тоа, големиот концерт на светската ѕвезда „Стинг“ за прв пат во Скопје пред бројната публика.
Уште на почетокот од концертот, нашиот Влатко Стефановски со одличен музички перформанс  како пред група на „Стинг“ , со дел од неговото богато музичко творештво и прекрасните звуци на македонската „Јовано, Јованке..крај Вардарот седиш..“ им ја честиташе победата на Вардаровите храбри и професионални спортисти, по што публиката го поздрави со еуфоричен аплауз.
„Стинг“, со својот тим на сцената на Националната арена од скоро со името на оној кој најмногу ја полнеше единствениот „Тоше Проески“,  покажа исклучителен професионализам, одлично озвучување кое на момент даваше чувство дека сте во затворено студио каде се е до перфекција, осветлување….комплетен впечаток и почит кон публиката. Пејачот чии четири имиња се Gordon Matthew Thomas Sumner,  роден е на 2 октомври 1951  во Wallsend, Англија, музичар,текстопишувач, пеач, гитарист и продуцент . Неговиот предизвик се рок музиката, поп, новите класици, џезот и експериментални правци. Некогашен член и на групата Police.
Кога не настапува на концерти живее во некои од своите четири живеалишта, Лондон, Њујорк, Калифорнија или Фиренца.
Беспрекорен вокал и гитарист, кој на своите 68 години има енергија, и иако не комуницира многу со публиката, преку музиката и се доближува.
Пред почетокот на концертот и тој со честитки до успесите на нашиот „Вардар„ а доби и дрес од нашата гордост.
Меѓу „сите негови песни„, како што ја нарече својата концертна турнеја, многу познати безвременски звуци а една која е негова автобиографска English man , само ја подгреа атмосферата меѓу публиката, која уживаше за време на целиот концерт, беспрекорно сработен.
English man 
I don’t drink coffee, I take tea, my dear I like my toast done on one side And you can hear it in my accent when I talk I’m an Englishman in New York See me walking down Fifth Avenue A walking cane here at my side I take it everywhere I walk I’m an Englishman in New York Oh,
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.