Подготвени за лето и плажи, иако променливото време не ни дава многу надеж

745

Костимите за капење и плажа се парче од облеката кое е актуелно штом наближат летните месеци. Секогаш изгледот на плажа е многу важен за припадничките на понежниот пол ,особено. Основната дилема е колку костими да се има и дали бикини,дводелни или пак најсигурната варијанта на едноделен костим.

Бикините никогаш не излегуваат од мода, но предноста на едноделните костими за капење е што најдобро ни ги покриваат недостатоците на телото, а ни ги откриваат убавите женствени облини.

Што нудат светските потрошувачки требдови за ова лето?

Доминираат едноставните црни модели со необичен крој или длабоко деколте. Во тренд се и белите модели, асиметричните дизајни, костимите со едно раме, црвените костими и оние со животински принт.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.