Електронска книга “Калдрма“-Избор од творештво за деца

976

Здружението за култура, наука и општествени дејности „Стари поток“ од Кочани, по повод Светскиот ден на книгата и авторските права ја објави електронската книга „Калдрма од творешто за деца“ со песни и раскази за деца.

Своите дела, односно свои камчиња во калдрмата вградија авторите Лила Арсова, Ленче Стојменова, Ленче Китанова, Славица Цветкова, Наташа Брезовска Богоевска, Љубинка Донева, Атанас Крлевски, Ружа Стојмилова, Јане Атанасов, Филип Димкоски, Снежана Паноска, Наде Ефремова, Славица Урумова Марковска, Гордана Угриновска, Мирјанка Р. Селчанец, Милица Паулус, Милка Накова, Анета Велковска, Благица Кузамновска, Ана Велјаноска, Вера Андон и Наум Попески од Македонија, Власта Н. Цениќ, Милоје Радовиќ и Жикица Димитриевиќ од Србија, Ана Багрјана од Украина, Димитар Никленов од Бугарија, Сретен Вујовиќ од Црна Гора и Сафета Осмичиќ од Холандија и Наде Ефремова од Германија.

Книгата е создадена по иницијатива на м-р Љупка Стојменова, професорка по македонски јазик и претседателка на здруженито „Стари поток“ која повикот за авторите го огласи на втори април-Светскиот ден на литературата за деца, па се до Светскиот ден на книгата истата се комплетираше и се објави токму на 23 април.

Предвечерие на 2 Април. Време во невреме. Затворени училишта, библиотеки, откажани културни манифестации… А требаше да се одржат многу. Па, нели е 2 Април – Меѓународен ден на книгата за деца. Се откажаа средби со писатели, промоции на книги, се откажаа литературни читања… А во вакво (не)време не смеат да се заборават децата, нивната желба за читање, желбата да се нурнат во стиховите, во зборовите испреплетени со необичност, магија, фантазија, кои ќе ги понесат во светот на детските желби, мечти, соништа. Во вакви моменти магијата на зборот им е потребна не само на децата, туку и на возрасните-пишува Стојменова во предговорот кон оваа книга.

Електронската книга засега се распространува преку социјалните мрежи, а доколку се создадат услови се планира и нејзина печатена верзија.

Вие драги читатели, електронската книга може да ја добиете преку овој линк.

https://www.dropbox.com/s/g6sdd22scnb0b2p/KALDRMA.pdf?dl=0&fbclid=IwAR0_Ykpj6g2OqlrdETCkw_hvXKN_W1fHRmJD4ZmpL5xlM7O71hIrefJn5RI

Филип ДИМКОСКИ

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.