Филм на неделата „ Водата “- Блиску а сепак далеку

1577

Кога го употребуваме зборот Вода, пред нас како слика ни се појавуваат непресушните извори, надојдените реки, езерската шир или непрегледното морска површина. Некогаш, тоа е слика од наведнување над чешмата во природата, ставена за нејзините вљубеници, или пак чашата која ја полниме од чешмите во домовите.

Но, ВОДАТА  е многу повеќе од тоа, со еден збор Водата е живот.

Токму оваа потреба за Водата е предизвикот на младите автори Кирил Каракаш и  Светислав Подлешанов да го направат 9 минутниот документарен филм „Водата „.„Водата„ е краток документарен филм кој е сниман во Пустец, Албанија. Водата е метафоричен поглед на животот во суша на луѓето, кои живеат во Пустец покрај Преспанското езеро.

Но, она што ве возбудува и вознемирува додека го гледате филмот е чувството на суша во грлото, плунката која ви надоаѓа и прашањата на кои чекате одговор : Каде се овие луѓе? Немаат ли вода? Колку е далеку нивната можност за вода во своите домови?

А кога ќе знаете дека само на 10-тина метри од нивното село е брегот на едната страна на Преспанското езеро, не ви е јасно како сушата е дел од нивниот живот, како голтката вода е недостижна за овие луѓе? И тогаш се прашувате : Има ли смисла сето ова? Одговорите нема да ги добиете од филмот, но сигурно е едно ќе добиете ефектен документарен приказ на значењето на водата и смртта која се недвиснува кога ја немате.

Филмот  е во Продукција на OPIUM Film, а ко-продуценти се Balkan’s Gateод Албанија, Espectro MX Films од Мексико од каде е актерот Кристо Фернандез, кој има носечка улога во филмот и Peak Production од Македонија.

Музиката во филмот е на Александар Томевски, звучниот дизајн  дело на  Слободан Трајкоски, а идејата, режијата и сценариото, камерата и монтажата се на Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов.

Покрај македонската премиера во  Скопје на  Филм Фестивал на 23- ти Април 2018 во кино Милениум, филмот досега е  присутен на многу фестивали :

-Македонска премиера на Скопскиот филмски фестивал на 23 април 2018 година во кино Милениум, Скопје, Македонија

-Официјална селекција на Voices from the Waters International Traveling Film Festival in Bangalore, India (Октомври, 2018)

-Официјална селекција на International Tourism Film Festival “Tourfilm Riga” Рига, Латвија (27 Април, 2018)

-Официјална селекција на Balkan Film Food Festival во Поградец, Албанија( 2-7 Јули, 2018)

-Официјална селекција на Sardinia Film Festival во Сардинија, Италија [СардинискаиИталијанска Премиера] (29ти Јуни до 13ти Јули 2018)

-Официјална селекција на The Quarantine Film Festival во Варна, Бугарија (10-14 Јули, 2018) WON AWARD for expressing the importance of the water. (награда за прикажување на важноста на водата)

-Специјална селекција на Beach Film Festival Ohrid (19-22 Јули, 2018) Охрид, Македонија.

-МАК ПОИНТпрограма на 39ти Интернационален фестивал на филмската камера БРАЌА МАНАКИ (22-29 Септември, 2018) Битола, Македонија.

-Официјална селекција на “CINEECO” во компетиција на кратки интернационални филмови во Сеиа, Португалија (13-20 Октомври, 2018)

-Официјална селекција на International Film Festival with Alternative Media FICMA [категорија: кратки документарни филмви] (21-24 Ноември, 2018) Мексико Сити, Мексико.

-Македонска селекција на Winter Apricots: Prilep International Film Festival (13 – 15.12.2018) Прилеп, Македонија

-Официјална селекција на In-Short Film Festival 2018 (20-22.12.2018) во Лагос, Нигерија

-Официјална селекција за Balkan Cinema Express Award на ARTINVITA – Abruzzo International Festival (5-8 Мај 2019) во Абрузо, Италија.

Филмот на 22 март, по повод Светскиот ден на водата беше прикажан пред ученици во Кинотека на Македонија и предизвика многу интерес кај најмладите. Затоа, препорачуваме соработка меѓу авторите, продуцентот и училиштата за да се доближи значењето на Водата и проблемот кога ја нема на најсликовит, но ументички начин

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.