“Недела на австралиски филм„ во Битола

752

Вечерва, со проекцијата на филмот „Црвениот пес“ (добитник на 11 награди и 15 номинации, меѓу кои и наградата за најдобар филм на ААСТА), Амбасадата на Австралија во соработка со НУ Центар за култура-Битола , ќе ги отвори Деновите на Австралиски филм во Битола.

Амбасадорката на Австралија во Македонија, Рот Стјуарт, ќе ја отвори филмската ревија а во текот на денот во Битола ќе учествува и на промоција на проект за лица од ранливи категории кој се реализира под наслов „Учи, работи, биди продуктивен“ , ќе го проследи настапот на „Анастасија центар со попречености“ и ќе ја поддржи изработката на слика со отпечаток на прст на платно.

Филмската ревија ќе се одржува  од денес до 12 април и ќе можат да се проследат неколку филмови од Австралиска продукција .

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.