“Филмовите што ги сакавме“ на изложба во Кинотека на Македонија

848

“Златниот лав” на Милчо Манчевски, „Златните арени“ на Столе Попов и „Сребрената“ на Бранко Гапо,  фотографии и постери од 130 филмови од поранешна Југославија, меѓу кои и повеќе македонски, претставени низ документи и плоча со музиката од филмот  „ Исправи се Делфина“, на композиторот Славе Димитров, од денеска сепред македонската јавност во просториите на  Кинотеката на Македонија.

Се работи за 65 паноа, кои што пред 6 години ги има изработено Историскиот архив на Пожаревац, а се однесуваат на југословенската филмска продукција, од 1945 до 1980 година. Изложбата е збогатена со еден македонски сегмент, кој што опфаќа период на документи што се чуваат во Државниот архив, од 1945 се до 1991 година. Покрај овие изложен е и  Златниот лав на Милчо Манчевски, како највисоко достигнување во областа на кинематографијата, на овие простори.

Изложбата, насловена „Филмовите што ги сакавме„  е резултат на потпишаниот меморандум за соработка меѓу макеоднскиот Државен архив и Историскиот архив на српскиот град Пожаревац.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.