Рациновото признание за 2019 го доби Венко Андоновски, за збирката „ Припитомување на кучката- раскази за лудилото“

1110

Писателот и драмски автор, Венко Андоновски , за збирката раскази „ Припитомување на кучката- раскази за лудилото“, го доби Рациновото признание, за проза, кое ќе му биде доделено за време на одржување на манифестацијата.

Збирката е ремек дело во современата македонска книжевност,полна со топлина и пародија, се вели во објаснувањето на жирито.

Заблагодарувајќи се за наградата, лауреатот Андоновски рече дека и пред 25 години го освоил Рациновото признание за проза, за книгата „ Фрески и гротески“ но,  од тогаш до денес, времето е многу забрзано и ги брише моралните вредности. Според него, Рациновото признание за проза, е највисоко за него, зашто го носи името на Коста Солев Рацин.

Заложбите на Организациониот одбор и градот Велес се, манифестацијата во иднина да го врати стариот сјај , како кога се одржувала на сојузно ниво во поранешна Југославија, за разлика од годинашното издание на кое Министерството за култура му додели само 100 илјади денари.

Годинашен добитник на почесното Рациново признание, за автор од странство, е словенечкиот поет, професор и актуелен амбасадор на Република Словенија во Македонија, Милан Јазбец.

Наградите на добитниците ќе им бидат врачени во рамките на манифестацијата. 56 издание на „ Рациновите средби“ во Велес, кое ќе се одржи во годината кога се навршуваат 80 години од печатењето и објавувањето на збирката „ Бели мугри“, од Кочо Рацин.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.