„Ова е наше време: Време за театар“- мото на Фестивалот „Војдан Чернодрински“

805

„Ова е наше време: Време за театар“ е мотото на 54. издание на македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински“  во Прилеп.

Според организаторите, фестивалот успеа на едно место да ја собере најдобрата македонска театарска продукција докажувајќи дека низ секое време македонскиот театар ги живее своите најдобри години.

Оваа година во официјална конкуренција ќе бидат изведени претставите „Макбет“ во режија на Нела Витошевиќ од МНТ, „Странци“ на Нела Витошевиќ од Драмски театар Скопје, потоа „На отворено“ од режисерот Андреј Цветановски на Театар Комедија, „Смртта на Дантон“- Дино Мустафиќ на Албанскиот театар, „Физика на тагата“ – Милош Андоновски од Кумановскиот театар, „Бакхи – краток преглед на распадот“ во режија на Игор Вук Торбица на Битолскиот театар, исто така „Животинска фарма“ на Љупчо Ѓоргиевски на Струмичкиот театар и „Пиреј“ од режисерот Љупчо Ѓоргиевски на театарот домаќин „Војдан Чернодрински“.

Фестивалот ќе се одржи од 7-15 јуни во Народниот театар во Прилеп , а ден пред тоа во продукција на Прилепскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата  „Семејни приказни“ од Биљана Србљановиќ, во режија на Милош Б. Андоновски.

Како и секој јуни така и овој , една недела посветена на македонскиот театар и неговата најдобра и најнова продукција.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.