Вечерва јубилејниот концерт на “Скопски солисти“ во Македонска Филхармонија

571

Вечерва (9 ноември) камерниот оркестар „Скопски солисти“ во Македонската филхармонија, ќе одржи јубилеен концерт со почеток во 20 часот. Меѓу солистите  се и примадоната на Националната опера и балет Весна Ѓиновска-Илкова, оперскиот тенор Благој Нацоски и обоистот Томе Атанасов,

Сопранот и професорка на Факултетот за музички уметности (ФМУ) во Скопје, Ѓиновска-Илкова е видно возбудена од враќањето на сцена, кое за неа е своевидно враќање во средина на која припаѓа.

Тенорот Благоја Нацоски, кој живее во Италија и настапува низ цел свет. Тој уште завчера на својот ФБ профил објави снимки од неговиот лет кон  Македонија и напиша дека е пресреќен што ќе биде на  сцена и тоа во неговата родна земја“.

По повеќемесечна пауза поради коронакризата, на голема радост на уметниците во земјава почнаа да се одржуваат културни настани, според протоколи за заштита од ковид-19. Со вечерашниот концерт “Скопски солисти“ го прославуваат јубилејот 20 години концертна активност.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.