Интервју со Емил Чинго- Вредните авторски дела на Живко Чинго, мојот дедо, длабоко ми го означија животниот пат

2532

Емил Чинго, внук на големиот писател Живко Чинго: Горд сум што мојот дедо главниот фокус го ставал на борбата за сопствената слобода!

Интервјуто го водеше Валентина Ѓоргиевска-Парго

Да се биде внук на големиот и значаен македонски писател Живко Чинго, за младиот скопјанец Емил е голема гордост и порив, се она што дедо му го оставил како тивок завет да го преобрази во личен успех и борба за лична слобода. Тој, засега, не тргнал по неговите писателски  стапки, но креира успех во друга насока. Искористивме убава прилика да поразговараме за неговите погледи на делата на писателот, неговите чувства, но и обврска кон тоа творештво.

В. Ѓ. Парго- “Сребрените снегови”, “Големата вода” , “Кенгуров скок” , се само дел од насловите кои асоцираат на големиот писател Живко Чинго. Дела, кои секој до нас ги чувствува за дел од својот национален идентитет, со оглед на нивната вредност и значењето за македонската книжевност. Како негов директен наследник, односно внук, како вие се чувствувате во однос на големото творештво на големиот мајстор на пишаниот збор?    

– Самото чуство дека сум внук на еден голем писател, еден голем и значаен човек за целата македонска книжевност, за мене претставува огромна чест и восхит од каков предок доаѓа мојот ген. Јас искрено сум воодушевен од начинот на кој мојот дедо ја преточувал неговата мисла од неговиот ум до листовите од кои што се креирани големи и значајни книги. Тоа ми дава потик, желба и инспирација да креирам големи нешта во мојот живот. Животот го гледам како еден филм, а сите ние сме главна улога во филмот кој што самите ние си го режираме, затоа треба да внимаваме со кого сме опкружени, бидејќи ние стануваме просекот од петте луѓе со кои што најмногу го поминуваме времето. Како поминуваат годините и како читам некои неговите дела се повеќе и повеќе се зближувам со неговата мисла и искрено ме воодушевува фактот, дека мојот дедо главниот фокус на еден човек го ставал на едукацијата и борбата за сопствената слобода.

В. Ѓ. Парго- Осознавајќи за своето потекло, се сеќавате на детството и првите моменти на запознавање со  книги од Вашиот дедо, кои беа дел од наставната програма, и ги читавме како лектири?

-Се сеќавам првата лектира ми беше во седмо оделение со наслов “Сребрените снегови”. За време на летниот распуст морав да ја прочитам два пати за да можам подетално да разберам што сака да каже преку самата книга. Следната негова, книга која што ни беше за лектира во четврта година средно е популарната “Големата вода”, по која е снимен и филм. Беше навистина интересно кога во наставната програма се појавуваше некое дело кое што всушност било дело на мојот дедо. Јас него за жал не сум го запознал од едноставна причина , јас не сум бил  дојден на оваа планета кога тој си заминал. Тоа пробудило уште оттогаш поинакви чувства и погледи кон светот, кон што јас треба да се стремам во мојот живот.

В. Ѓ. Парго- Кој беше првиот роман или расказ на кој се сеќавате? Што најмногу тогаш Ве обзеде како импресија? 

-Првата моја книга која што ја прочитав беше “Сребрените снегови”. Таа книга ја имам прочитано повеќе пати но уште кога ја прочитав првиот пат можев јасно да забележам колку голем фактор за раст и развој на едно дете претствавува едукацијата. Уште од тогаш преку оваа книга, заклучив дека знаењето е само потенцијална моќ доколку се применува во секојдневниот живот. Од тука почнав повеќе да бидам заинтересиран и да сум во бесконечна потрага по луѓе кои го имаат знаењето и животниот резултат, по кој што самиот јас трагам. Дојдов до заклучок дека најголемиот потенцијал на еден човек лежи внатре во неговата мисла и почнав да се запрашувам како да го кренам степенот на мојот начин на размислување. Не ме интерерсирало многу формалното образование, но тргнав по потрага на самиот себеси, кој сум што сум и зашто сум тука. Кога видов низ страниците на таа книга како всушност растеле децата во домовите без никаков темел на едукација бев зачуден и донесов одлука дека во иднина една од моите цели ќе биде креирање на цврсти и јаки образовни системи.

В. Ѓ. Парго: Збирките раскази: „Пасквелија, „Нова Пасквелија, “Семејството Огулиновци” , романите: „Сребрените снегови, „Големата вода, „Ал и „Бабаџан се најкапиталните дела од Чинго. Според ваше видување, а верувам сте ги прочитале ако не сите, барем повеќето, која книга од нив ве освои џелосно? Некоја реченица, порака, некои силни зборови?         

-Ги имам сите овие книги прочитано секако, дури допрва гледам како растам и се менувам како личност па е потребно повторно да се прочитааат истите книги, бидејќи начинот на кој што ги гледам работите од пред две години ми е целосно сменет. Најмногу од севкупното негово творештво ме освои “Големата вода”. Не запомнив друго место каде што толку бргу умира детството. Самиот наслов има симболично значење и ја означува слободата. Целата идеа е да се даде остра критика на погрешниот начин на изградбата на едно личност при воспитниот образовен процес во домовите. Во секој од нас лежи неограничен потенцијал проклет да бидам, но главното прашање е дали оние од кој што учиме можат да не упатат како преку самите нас ние да го извадиме на виделина тој потенцијал? Алберт Ајнштајн еднаш рекол: “Секој човек е гениј, но доколку ја третираме рибата дека е глупава што не може да се качи на дрво по автоматизам го уништуваме генијот во таа риба, бидејќи она создадена феноменално да плива во длабочините на реките, езерата и океаните” . Внимавај кого слушаш и од кого учиш во животот, внимавај кој е оној кој што ти ги преточува сопствените мисли како дел од твојте мисли и твојата иднина која што треба да ја креираш во твојот живот.

В. Ѓ. Парго: Во „Големата вода, најзначајниот роман  раскажувањето е предадено преку главниот лик Лем, а се зборува децата, воени сирачиња, во Домот за сираци „Светлост, веднаш по завршувањето на Втората светска војна. Идејата е да се даде остра критика на погрешното сфаќање за начинот на градењето на личноста во Домовите, на погрешниот воспитно-образовен процес во едно постојано и долго чекање да се изградат почовечки, вистински односи меѓу луѓето. Авторот ќе каже: „Не запомнав друго место каде толку бргу умира детството“. Инаку, тоа е роман за вечната борба на човекот со сите мрачни сили кои се обидуваат да го расчовечат, борба на животот со смртта, на светлината со мракот, на големата вода со ѕидот. Насловот — Големата вода, има симболичко значење и ја означува слободата. Покрај неа се јавува ѕидот, кој ја ограничува таа слобода. Сентерлевиот рид, кој, исто така, често се јавува како мечта на децата која треба да ја достигнат — ја претставува недостижната слобода. Слободата има разни лица. Што значи за вас, за еден млад човек денес борбата за слобода, колку е таа достижна или недостижна?

Што јас подразбирам под слобода ли? Сите на оваа Планета се раѓаме како слободни луѓе со неограничен потенцијал внатре во самите нас, но подоцна домашното воспитување, образовниот систем, медиумите, околината не усмерува кон тоа ние да работиме за друг и за пари односно не програмира да си го продаваме нашето време за одредена сума на пари. Јас колку што знам имам еден живот, а луѓето се однесуваат како да имаат девет а овој туку така ќе им пројде. Најскапиот ресурс на оваа планета е времето. Ништо не е поскапо од времето, бидејќи ни е лимитирано и ограничено гостувањето на оваа планета. Парите како парче хартија ни се само алатка за да креираме среќен живот. Парите како пари директно не ни даваат среќа, но тие ни овозможуваат повеќе време да го поминуваме со семејството, пријателите со луѓето кои што си ги сакаме и ни значат, а тоа повеќе време нас ни дава слобода и таа слобода нас ни дава среќа. Значи парите индирекно ни даваат среќа бидејќи ни овозможуваат слобода, а таа слобода за мене е се! Секој еден млад човек треба да цели кон слобода наместо кон сигурна работа. Но најпрво треба да се ослободи од целото знаење кое што го внесувал сите овие години за да може да прими ново соодветно знаење од компетентни луѓе кои имаат постигнато светски резултати доколку сака да дојде до слобода. Да, слободата за секој млад човек е достижна само ако во неговите верувања е поставена цел тој да биде слободен човек. Јас во рок од две години при крајот на мојата двадесет и трета година се изборив за мојата слобода. За човек да сака да биде слободен потребно е да вложи многу труд време и енергија, но пред се да донесе одлука дека кога ќе донесеш одлука дека си незадоволен од твојот сегашен живот и би наравил се за да го промениш тоа универзумот ќе направи се за да се случи тоа и ќе почне магично да ти се случува.

В. Ѓ. Парго- Во вашиот дом, беа ли застапени често дискусиите за неговите авторски дела?

Да уште кога ги добив првите свесни сознанија за самиот себеси се сеќавам дека низ целата куќа на горниот и на долниот кат имаше и се уште има полици од книгите на дедо ми. Како да беше вчера се сеќавам на моментот кога требаше да снима филмот “Големата вода” . Често имаше дискусии за неговата големина и за трагата која што ја оставил во целокупното македонско творештво. Уште од тогаш од дома бев наведуван да бидам одличен и примерен ученик, а а јас бев палав и немирен во секој поглед еден млад бунтовник. Всушност тие дискусии за неговите авторски дела почнаа да ме интересираат подоцна, во животот кога станав по свесен за самиот себеси и за погледите кои ги имал дедо ми во тоа време. Уште на рана возраст пред да го завршам основното образование бев свесен дека формалниот образовен систем не е тоа што јас го барам во животот и дека нема да ме однесе онаму каде што сакам јас да одам во овој живот. Затоа многу време и внимание не му обрнував. Уште од тогаш имав искреирано визија за самиот себеси што сакам и кој сакам да бидам. Подоцна преку неформалниот образовен систем научив дека таа визија која ја имаме ние за самите нас е ментална слика во нашите глави крај кои стои еден шеф кој што не ни дозволува да се однесуваме во спротивност со личноста која што ја имаме за самите нас. Секој човек треба да има визија за себе кој и што сака да биде, треба да има храброст да тргне кон реализирање на таа визија и една од клучните работи каде што потпаѓa најголемиот дел од луѓето е истрајноста. Доколку не сме истрајни најмалку две до пет години од нашиот живот за да нашите соништа станат реалност ние успехот не го ни заслужуваме!

В. Ѓ. Парго- Писателот Чинго е добитник  на највисоките македонски и тогашни југословенски награди.  Колку тоа ве прави горд наследник на неговите достигнувања, воедно и космополит во размислувањето во делувањето?

– Чувството да имаш некој во фамилијата кој што оставил голема трага што знаел како да допре до секој читател е навистина преубаво. Дали ме прави горд? Секако, ме прави среќен и доста мотивиран да креирам уште поголем животен резултат од неговиот. Како викаат дедовците и бабите се секогаш горди на внуците кои што имаат желба и во нивното семе на мислата која ја креираат имаат цел не само да ги достигнат него и да ги надминат нивните животни резултати. Можеби цел тој склоп на натпреварувачки дух внатре во мене , бунтовничкиот карактер и борбата за купување на сопствената слобода доаѓаат од неговиот ген. Можеби сите тие книги по полиците, дискусиите за неговиот животен резултат ме навеле уште од мал да целам на големо. Бидејќи умот е најмоќната машина која што некогаш стапнала на оваа планета и лимитот на поставенитецели си го поставуваме самите ние. Само од нас зависи што ќе направиме ние во нашиот живот. Затоа моите погледи се свртени кон изучување на сите светски трендови кои надоаѓаат во наредниве десет-дваесет години од ментори кои имаат постигнато светски резултати. Учи од човек кој е онаму каде што ти сакаш да бидеш во животот. Многу е битно од кого учиме и кого слушаме во нашиот живот. Оти на човек му е дадена слобода да стане тоа што сака и човекот секогаш ама секогаш станува она што го мисли за самиот себеси!

В. Ѓ. Парго- Вие не го продолжите неговиот писателски пат, барем засега, но ораторските вештини ве красат. За прв пат и минатата година се обративте на собир пред жителите во неговото родно Велгошти, им се претставувате и официјално и ги запознавте и со  Вашата професија. Го посетувате лично родното дедово место, какви чувства тоа  кај вас буди? 

-Секогаш кога ќе отидам на тоа место буди кај мене посебни чувства. Од година во година и погледот кон тоа место ми е различен не оти се сменило местото, бидејќи самиот јас и начинот на размислување ми расте од ден на ден. Гледајќи дека од едно село во близина на Охрид излегува еден човек и дава голем придонес за овој народ, оттука разбираме дека секој може. Условите да растеш во село пред педесет-сто години и условите кои што еден човек ги има достапни сега се на едно сосема друго поразлично ниво. Причината поради која ги свртев моите погледи кон претприемништвото наместо кон пишувањето книги е бидејќи чувствата ми го покажаа тој пат. Следејќи ги чувствата и интуицијата тој внатрешен глас длабоко во нас никогаш нема погрешиме, тоа е толку едноставно. Кога прв пат на еден елитен семинар во Европа се запознав малку подлабоко со претприемништвото јас веднаш заклучив дека јас тоа го сакам и моите погледи и цел мој начин на живот со цела енергија ја насочив кон таа цел. Всушност претприемништвото е професија на дваесет и првиот век , и кога сватив дека самата индустрија ме наведува јас да давам и да помагам и со тоа автоматски да станувам подобра личност, заклучив дека ја најдов причината поради која што сум дојден на оваа планета. Притоа ги имам достапни најдобрите светски ментори во таа индустрија да ме изучуваат како да креирам светски резултати јас поставив цел дека ќе станам еден од најголемите претприемачи на дваесет и првиот век. Јас сметам дека сме сите ние тука дојдени за да имаме се во изобилство и тоа го нуди самата планета, но ако ние веруваме дека нема доволно во право сме нема доволно, секогаш човекот станува она во што верува и она што го мисли во текот на денот. Да, за прв пат после повеќе од дваест годинашната манифестација во неговата чест одлучив да излезам и кажам по некој збор кој сум што сум што правам и како дедо ми влијаел на мојот живот. Имаше повеќе од сто и педесет луѓе и навистина ми претставуваше чест и задоволство да сум дел од една таква свечена манифестација. Книга ќе напишам секако можеби во блиска иднина не знам, а сигурен сум дека ќе излезат и повеќе од кога ќе ја напишам првата.

В. Ѓ. Парго- Во што лежи иднината и желбите и амбициите на младиот Емил Чинго?

-Ако прашате еден од менторите кои ни се водилки по патот кон креирање на големи нешта првата работа која што треба да ја има секој човек е да постави цел. Бидејќи ако не поставите цел е исто како да купите билет за автобус, а да не ве интересира во кој правец оди тој автобус. Доколку ми го поставевте пред неколку години истово прашање јас навистина ќе бев збунет и ќе не знаев што да ви одговорам дека немав јасно поставени цели на каде сакам да се движи мојот живот. Се гледам како голем и успешен претприемач. Многу ми се допаѓа оваа иднустрија бидејќи постојано како личност имаш прогрес, а тајната на среќата се крие во прогресот. Доколку не растеш како личност ти постојано ќе се жалиш и ќе ги обвинуваш сите фактори околу тебе дека се причината поради твојот неуспех, несфаќајќи дека животот нас не сака и се ни се случува со причина за да дојдеме до некое ново знаење кое би ни помогнало во издигнувањето на нашата свест кој сме што сме и што бараме на оваа планета. Од секогаш бев добра личност, го гледав општеството околу мене како е несреќно и сакав но не знаев како да му помогнам. Сега точно знам што е клучот за среќата но малку луѓе на оваа панета се спремни да излезат од својата таканаречена комфорт зона каде што се чувстуваат удобно и  да превземат нешто што би ги донело до подобар живот. Сметам дека темелот на една личност лежи во едукацијата и таа едукација мора да дојде од компетентни луѓе доколку сакаме да имаме феноменални резултати во нашиот живот. Доколку ја слушаме околината дали нешто треба или не треба да правиме ќе завршиме токму таму каде што  е она. Кога мислам на компетентени луѓе мислам на луѓе кои имаат постигнато некаков светски резултат во областа каде што сакаме ние да постигнеме светски резултат. Пазарот е оној кој што ќе те оцени а не дипломата. Дипломата е само едно обично парче хатија. Овој свет е променет и бара вештини. Доколку имаш вештини да понудиш нешто од кое што целиот светски пазар ќе има некаков бенефит по автоматизам ти можеш да си дозволиш се што сакаш во животот затоа умеам да кажам се е возможно доколку само поверуваме. Еве ќе ви откријам една од моите цели а тоа е дека сакам да изградам премногу училишта од каде што би излегле феноменални претпримачи спремни преку идеите и начинот на размислување кои ќе го добијат од компетентни учители да го освојат буквално целиот свет. Ние сме големи луѓе дојдени на оваа мала планета да дадеме вредност, а давајќи вредност секој е право пропорционално платен според големината на проблемот кој што може да го реши, затоа не треба да ги избегнуваме проблемите него да се соочиме со нив дека големината наша како луѓе се мери според големината на проблемот со кој што може да се соочиме. Една мала порака до сите читатели како крај на ова мало пишано интервју: Не е важно што другите луѓе сакаат ние да бидеме во животот и како тие не гледаат и замислуваат нас, не е важно родителите, фамилијата и најблиските што сакаат ние да станеме, не е важно што другите луѓе мислат и зборуваат за нас, важно е какво мислење имаме ние за самите нас,бидејќи ова е наш живот а ние ќе станеме она во кое што веруваме дека можеме да да бидеме најдобри.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.