Licentia poetica со Lucilla Trapazzo – Мислата е материја и простор каде што знам да талкам

1249

 Уредник на рубриката: Филип Димкоски

Лучила Трапаѕо ( Lucilla Trapazzo)  e родена во Касино, Италија. Дипломирала германски јазик и книжевност  на факултетот „Ла Сапиенца”и  завршила магистерски студии по филм и видео на Американскиот факултет во Вашингтон. Постојано се надоградува во уметноста и театарот, работи како актерка, изведувач, критичар, театарски режисер и обучувач.

Нејзините песни и раскази добиле повеќе награди и признанија. Некои од нив се:  прва награда за нејзиното прво дело, “I Murazzi” (Фамилијата Мураци), Торино; повеќе пати е наградена на различни изданија од конкурсот „Св. Бернардино“, Стимиљано; Прва награда „Apriamo un Varco” (Апријамо ун Варко), Рим; Државна награда за делото „Il Delfino” (Делфинот), Пиза; Наградата Viareggio (Виареџо); Прва награда „Isolimpia” (Изолимпија), Неапол.

Објавувана е во антологии, списанија и уметнички книги во Италија, Америка, Шпанија, Македонија, Кина, Србија, Албанија… Нејзините слики и нејзините уметнички инсталации се изложени на повеќе меѓународни изложби (самостојни и групни).Нејзините театарски изведби се преставени во различни фестивали по мултимедијална уметност (Signal, Калјари; It’s Liquid, Лондон, Буенос Аирес, Рим, Венеција).

КАПКА ПО КАПКА

Поезијата паѓа на овој свет капка по капка
и се раширува.
Неа можеш да ја најдеш во жолтилото на септемвриските снопови,
кога сонцето се задржува во вкусовите
а мрзливата мува, несвесна за есента, мирува.
Таа нежно сепојавува во сините набори
на еден шифонски фустан,
а во отсјајот намоминските очи,
една замислена принцеза.
Танко лази поезијата низразбоите
на една црна работилница.
Таа се протнува низ туѓи прстибезнадежни
кои ги ткаат тантелите на здолништата,
што ние ги носиме.
Таа се задржува во тие погледи,
со кос облик -очиња заскитани
во широки оризови полиња.

Можеш ли да ја почувствуваш дождовната миризба во воздухот?

ДИСХАРМОНИЈА

Ова е ден на радост и тага.
Одамна сонцето е високо, а земјата повикува
на море и на маргаритки.
Но приказната лае. Таа е тврдоглава,
лишена од благозвучје.
Некои виолетови винчи и светло сината боја на хеликризумот
страдаат од осојничавоста.
Ноќната птица плаче. Не прекинува злобно да гребе
и постојано вреви на дрвјатапо случајни минувачи.
Тогаш изморениот ум се стишува
и ѕвездениот сјај згаснува.
Но има милост. Зората полека зори, исконска светлина,
во небосклонот –баснословна.
Смела љубичица во снегот. Одеднаш бескрајно синило.

НЕДЕЛА ПОПЛАДНЕ

На небото се задржува син отвор.
Грбот e ишаран од распрскани сончеви зраци.
Изненадно светлината се прекшува на креветот.
Во атмосферата една разиграна нота.
Плови.
Полека умот успорува, делумно размислува.
Мислата е материја и простор каде што знам да талкам.
Го задржувам мигот.
Наскоро ќе зачне ноќта.


Превод и препев од италијански на македонски јазик: Маттео Шремпф

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.