Во КИЦ- ЦРНО – ШАРЕНО, изложбa на цртежи од Дарко Аницин

910

Во ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, во Изложбениот салон – Империјал 2, од 27 мај до 10 јуни 2020 год. ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена ЦРНО – ШАРЕНО од ликовниот уметник ДАРКО АНИЦИН.

На изложбата авторот ќе се претстави со 25 цртежи, работени во акрилик на хартија, создадени последнава година.

Дарко Аницин е роден 1977 год. во Скопје. Звршил Средно Уметничко училиште “Лазар Личеноски” и Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј” во Скопје. Создава графики, цртежи и слики од самите почетоци на своето образование до денес. Тој има современ, специфичен стил на творење, со истакнати и рафинирани визуелни поентирања, што од прва рака говори за графичарски манир на прецизност, чиста и јасна мисла и длабок квалитет на академски уметнички израз.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.