Лидија Вукичевиќ на театарските сцени во Македонија

150

Познатата актерка Лидија Вукичевиќ на театарската сцена во нашата држава ќе настапува многу скоро.
Вукичевиќ на овие простори ни е позната по многу филмски улоги, театарски,а најмногу по серијата “Бољи живот”
Лидија Вукичевиќ ќе гостува со хит комедијата “Чекајќи го министерот” во која ја игра главната улога.
Оваа комедија се игра и во Србија, а се подготвува голема турнеја низ нашите градови.
Покрај Лидија Вукичевиќ во оваа комедија игра популарниот Семир Гичиќ и нашиот актер Сашо Ристовски.
Од продукцијата која ја подготвува турнејата сè уште не ги објавуваат деталите од каде се започнува турнејата,бидејќи сè уште се дефинираат деталите, односно редоследот во кои градови ќе гостува оваа претстава.
Ексклузивно само ни дадоа одговор дека турнеајата ќе биде во месец Април.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.