Мадона на Евровизија – за милион долари

850

„Песната на Евровизија 2019″ ќе се одржи во Тел Авив од 14 до 18 мај. Организаторите подготвуваат  очигледно „сериозна “ програма со листа на ѕвезди што ќе гостуваат. Како една од водителките на фестивалот се спомнува израелската актерка Гал Гадо, позната по филмот „Жена чудо”.

Но, она што одекна е настапот на  Мадона, која ќе ја удостои ова најголемо музичко Шоу со сума од еден милион долари. Нејзиниот хонорар ќе го плати милијардерот Силван Адамс ,кој според  „I-net”,  решил да го преземе овој чекор по преговорите со Израелската телевизиска корпорација, која му предложила да биде партнер на фестивалот.

Во 2015 година Мадона е прогласена за најкомерцијализирана пејачка, нејзиното име се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.