Месец април- Ново издание со интересни содржини на Voices

1069

Новото априлско издание на VOICES MAGAZINE, списание за сите млади луѓе во светот (for all young people around the world ) изобилува со многу интересни содржини направени од интернационалната младинска група, која волонтира во Волонтерскиот центар -Скопје.

https://issuu.com/vcsvoices/docs/voices_april_e6300d6a3a9e42/6?fbclid=IwAR0sgqh3-vnnpbzfq1FWEtp4hjDsMHWPvCL06IGiuUDh3KX-LcK3gyBQ9Sk

(Ако сакате да го видите целото списание отворете тука )

 

Од априлскиот број издвојуваме :

Let’s Roll Kavadarci

Пишува Дорота Лучак

Натпревар по „скејтање“? Зошто да не? Кога има млади креативни луѓе, многу
љубов, страст, забава и нема време – ништо не е невозможно. Оваа сончева сабота на
23 март беше прилично добар пример за тоа. Да почнеме од почеток. Што може да
ги поврзе двајца волонтери од Франција и германски? Се разбира, освен заедничкиот
континент. Може да има нешто, страст и љубов за споделување. Што може да
произлезе од ова? Нешто големо и неверојатно, верувајте ми.

Јас сум Жермен Пикот и сумволонтер во Прилеп од Франција. Главната идеја на
овој настан беше да се врати скејтањето во македонската култура, поради тоа што
има многу млади луѓе кои се почетници, но тие навистина немаат место за вежбање.

Исто така настаните како овој натпревар, обично се само за професионалци, па
сакаме да го промовираме спортот и да им помогнеме на почетниците да веруваат во
себе. Навистина сум горд на овој проект, мислам не беше сè како што сакав да биде,
но секогаш е така. Најважно е дека доколку имате страст. Петар ме праша дали можам да го оставам да го организира овој настан на ова место. Всушност не му помогнав со организирањето, но го одржувам
местото. Сакав да му помогнам бидејќи ја почитувам неговата работа
и мислам дека младите понекогаш треба и да се забавуваат, да одат на
журка (забава) и да уживаат во нивниот живот-Ланче, 20 од Кавадарци.

Тука сум да зборувам со млади луѓе и да се забавувам, скејтам веќе
2 месеци и земав учество на натпреварот, целосниот настан беше
неверојатен (прекрасен)- Сара, 16 години, Прилеп.

Почнав да скејтам пред еден месец, бидејќи сестра ми ми даде скејтборд
како подарок. Вежбав постојано со Петар во Прилеп. Денес таа ме
донесе тука и ме поддржуваше во текот на натпреварот во кој бев
најмладиот учесник. Матеј 9 од Прилеп 2. место.

– Јас сум Петар Вагенер, јас сум од Германија. Јас сум волонтер во Кавадарци. Еден од моите најголеми проекти тука, што сум го направил е клубот за скејтбординг. Јас донесов 15 скејтборди од Германија, поканив деца и ги воведов во спортот. Многу
луѓе се заинтересирани поради тоа што во Кавадарци немаше парк за скејтање досега. Тоа се надоградуваше и сега е комплетено колективен. За овој настан … се беше тотално лудо. Се започна со мене и Жермен. Тој ми кажа дека ќе си оди наскоро, за жал, и дека сака да организира настан пред да си замине, така што реков: “во ред, ајде да направиѓр голем, ајде да направиме добар настан”. Пред една недела почнавме со подготовките. Така што се што ќе го видите овде беше направено минатата недела.

Всушност, не сум скејтер, туку сурфер, но
моите драги волонтери ми кажаа дека
денес ќе има добра забава, каде што
можам да се запознаам со многу луѓе и дека
ќе биде опуштено. Дојдов во Македонија
затоа што сакав да го сменам мојот живот,
бидејќи студирањето инженерството беше
малку досадно и сакав да ги подобрам
моите ликовни вештини –Хозе, волонтер во Прилеп од Шпанија.


Дојдов тука да се забавувам бидејќи во нашиот град немаме многу што да правиме.

Не скејтам ама забавата беше неверојатна, a огненото шоу
беше најдобар! Кристијан, 8, од Кавадарци
Овој натпревар беше навистина неверојатен, никој не го немаше  направено ова предходно. Кога почнав да скејтам, немаше скејтање,а потоа Жермен дојде во Прилеп и тој го поврза и ја однесе напред целото наше општество. Тоа беше навистина интензивно. Научив многунови трикови и вежбав многу. Освојување на првото место денеска беше сосема неочекувано. Јас не сум воопшто професионален, па тоа
беше убаво изненадување. Тоа е поентата, ваквите настани ни даваат
можност да веруваме во себе- Никола 18, од Прилеп.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.