Мајски оперски вечери – величественото дело на Пучини “Боеми“

1006

Величенственото дело  Боеми на Џакомо Пучини под диригентската палка на Оливер Балабурски, во режија на Дејан Прошев е дел од годинешното 47. издание на Мајски оперски вечери.

Во улогата на Родолфо ќе настапи добро познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија. Цветелина Василева од Бугарија со својот уникатен лирско – драмски сопран ќе ја изведе улогата на Мими. Таа има богата музичка кариера настапувајќи низ најпрестижните оперски куќи како што се Метрополитен во Њујорк, Кралската опера „Ковент Гарден“ , Државната опера на Берлин и многу други низ целиот свет.

Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, додека заводливата Мизета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски во улогата на Колин.

„Боеми„ на сцената на Македонска опера и балет на  22 мај со почеток во 20 часот,

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.