На денешен ден е роден Тоше Проески, блескавата ѕвезда, љубовта на Македонија

28

На денешен ден е роден неповторливиот Тоше Проески, љубовта на Македонија.
Тодор Тоше Проески (Прилеп, 25 јануари 1981 — Нова Градишка, 16 октомври 2007) е најславниот македонски поп- пејач и најголемата ѕвезда на балканската музичка сцена, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија.
Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Имаше блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Кире Костов, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Фибос, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори, вели Википедија. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Истата година ја претставуваше Македонија на Евровизија со песната Life. Следуваа низа победи на најзначајните македонски и балкански фестивали.
Во 2007 ја наполна Белградската арена, истата година по трет пат го наполна и Градскиот стадион во Скопје.
“Цреша” ја прогласи за биографска песна која го отсликува неговиот живот.
Неговата биографија е историска.
Негов заштитен знак е познатиот израз “Ве сакам сите”.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.