ОТВОРЕН ОФФЕСТ 2021: Фадото предизвикува болка која лечи болка!

smart

Скопје, 10 ноември 2021

Ако зборуваме за музиката која го има клучот до најтајните комори на човековото срце, ќе се согласите дека тоа е фадо музиката, чиј корен исклучиво лежи во португалските музички пера и тешко дека некој може да го копира или направи во свој манир.
Затоа ексклузивно е чувството кога се соочувате директно “очи во очи” или поточно “со сопствени уши” со таа музика и оригиналната изведба, како што тоа со години го имаме привилегија на единствениот фестивал кај нас Оффест, а и синоќа на отворањето на неговото 20-то, јубилејно издание во НОБ.
Фадо песни кои “болат”, со начинот на изведба, беа изведени од португалско-шпанското дуо Лина и Раул Рефри.
Директорот Оливер Белопета во поздравниот говор стави акцент на вакцинирање и порача да се вакцинираме за во иднина и за себе и за луѓето околу нас безбедно по здравјето ги следиме концертите, и со полн капацитет а не принудно разретчено. А за интригантните текстови кои преку песна ни ги донесоа гостите , штосно забележа дека ако не ги разбираме најдобро би можел да ни ги објасни Фернандо Песоа (славниот португалски поет кој ги има напишано во текот својот живот ).
Годинава Оффест е со мала, еднодневна пауза меѓу концертите, утревечер, 11 ноември, на сцена не очекува самба со ШИРОМ (Словенија), во комбинација со бразилецот КИКО ДИНУЧИ и неговата специјална гостинка ЈУСАРА МАРСАЛ.
-Инспириран подеднакво од Joao Gilberto, Fugazi, африканската полифониска музика и од родниот Сао Паоло, бразилскиот гитарист и композитор Kiko Dinucci, во придружба на Juçara Marçal (практично 2/3 од бендот Meta Meta), во четврток во Скопје ќе го претстави албумот „Rastillo“, кој доживеа еуфорични пофалби од светската музичка критика. Gilles Peterson, на пример, за него рече дека е „прекрасен, од почеток до крај“.
Во сабота, 13 ноември, од 20 часот, се Пијан Славеј од Македонија и Блик Баси (Камерун) .
Дополнителна шанса на посетителите им е во холот да си купат прекрасни маички со знакот на годишниот фестивал по цена од 600 денари, беџеви и магнети за сто денари, цедиња во издание на Скопскиот џез фестивал по 300 денари, и цедиња и ЛП по повисока цена, но исклучиво квалитетни и ексклузивни, на штандот на “Чув де чув”.
Изложба на ретро постери од опери кои во минатото се прикажувале во овој дом на уметноста, некогаш наречен МОБ а денес НОБ, е дополнителна понуда во холот.
Концертите се изведуваат под протоколи.
Билети https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=3962
Валентина Ѓоргиевска Парго

 

smart
smart
smart

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.