Победник на „Сан Ремо 2020 – Диодато кој ќе ја претставува Италија на годинешното издание на Евровизија

1279

Гласовите на публиката во салата и жири комисијата, телефонското и смс гласање, решија пејачот Диодато да ја претставува Италија на Песна на Евровизија. Тој освои најголем број на гласови и е победник на 70-тото издание на Сан Ремо.

 

 

 

Годинешниот фестивал на италијанската песна се одржа по 70-ти пат во салата Аристон а Италија од овој фестивал избира свој претставник за Песна на Евровизија, која ќе се одржи во месец мај во Ротердам, Холандија.

Годинава водители беа машкиот тандем Амадео и пејачот Фиорело на кои им помагаше и италијанската спортска новинарка Дилета Леота.

Начинот на гласање и годинва се задржа на истиот принцип од изминатите години Годинава како посбени гости се појавија пејачката Џорџиа, Ема, Фиорела Маноиа, Елса, Џана Нанини и Лаура Паусини заедно со манекенката Алесандра Амбросио настапија со цел подигање на свеста за насилството врз жените.

Специјални гости на фестивалот беа и светскиот рекет број еден Новак Џоковиќ, кој заедно со Фиорело и Амадеус го запеа рефренот на хитот на Ерос Рамацоти, „Ветена земја“. На третата вечер на сцената излезе и девојката на Кристијано Роналдо, која на Амадеус му приреди изненадување. Во публиката седеше и славниот фудбалер кој на водителот му подари дрес со бројот 7. На сцената се појави и славниот италијански актер и оскаровец Роберто Бењини. Настапија и Тицијано Феро, славниот дует Ал Бано и Ромина Пауер, Цукеро, Дуа Липа. На сцената, по точно 20 години се појави и некогашната секс бомба на -тите Сабрина Селерно, која и на 51 година изгледаше сексипилно. Таа ја изведе песната Boys со која се прослави во 1987, благодарение на актрактивниот видео спот и беше дел од водителскиот тим на финалето.

Специјален гостин беше и Тони Ренис, кој сега има 81 година, во улога на диригент на неговата прославена нумера „Quando quando quando“ со која го освои четвртото место на истиот фестивал во далечната 1962 година во дует со Емилио Периколи. Овој пат ја отпеа шоуменот Фјорело.

Годинава емитувањето во живо беше приспособено и за глувонемите лица со тројца толкувачи на гласовниот јазик на специјален канал.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.