Поезија од Стефан Марковски објавена на кинески

955

Поетски избор од Стефан Марковски е вклучен во јунскиот број од книжевното списание Chinese Language monthly кое излегува еднаш месечно од 1952 година, вброено меѓу најзначајните и списанија со најдолга традиција во Тајван.  

Преводот на 10 песни од англиски на кинески јазик го направи Тземин Итион Тсаи (1957), професор на Универзитетот на Азија во Тајван (Кина), поет, преведувач иредовен автор во списанието.

Поезијата на Марковски насловена „По трагата на белиот грифон“ (繼白色格里芬之後), е дел од рубриката Избрани дела од современи меѓународни поети, каде досега во превод на Тсаи биле преведени и објавени 30-на светски поети.

Во изборот се интегрирани песни од последните две стихозбирки на Марковски, „По трагата на белиот грифон“ и „Хипербог“, вклучени и во македонско-англискиот избор Ветена Земја – Promised Land.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.