„Звукот на идната генерација“ – концерт на Македонска Филхармонија

912

Следејќи ја традицијата, и годинава Македонската Филхармонија, ќе одржи концерт на кој како солисти ќе настапат талентирани студенти од државните факултети за музика во земјава, а кои се избрани по пат на аудиција.

На програмата се дела од Меркаданте, Бојаџиев, Рахмањинов, Крусел и Брамс, а ќе настапат студентите: Јана Каевска – флејта (проф. м-р Страшо Темков), Стефан Илиев – труба (проф. м-р Васо Ристов), Иван Трајковски – пијано (проф. д-р Марија Ѓошевска), Ангел Селим – кларинет (проф. м-р Стојан Димов) и Ева Богоевска – виолина (проф.м-р Олег Кондратенко).

На 6 јуни (четврток) со почеток во 20 часот, ќе се одржи симфонискиот концерт „Звукот на идната генерација“ под диригентство на маестро Борјан Цанев.

Во текот на месец јуни, Филхармонија ќе одржи уште два концерти во Градскиот парк, под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.