Репортажа – СИТЕ ПАТИШТА ВОДАТ КОН РИМ

1128

Рим градот на седумте рида

Репортажата за Рим ја пишувам по трет пат и секогаш како да ми е прв пат и како повторно да се сретнав со вечноста.

М-р Татјана Гогоска

Географски и историски податоци

Според митот за основање на градот од самите антички Римјани, долгогодишната традиција на потеклото на името „Рома“ се верува дека дошла од основачот на градот и првиот крал Ромул, потомок на Асканиус и основач на градот, од Румон или Румен, архаиското име на реката Тибар, од етурскиот збор рума што значи цица, со можна поврзаност или со легендата за волчицата која ги доела близнаците Ромулус и Ремус, или поврзаност со обликот на Палатин и ридовите Авентин. Рим е главен град на Италија, посебна општина во Италија (позната како Comune di Roma Capitale) и главен град на Лацио. Со 2,877,215 жители на 1,285.3 км² исто така е и најголемиот и најнаселениот град и општина и четврти по број на жители град во рамките на Европска Унија. Околу четири милиони жители живеат во римското градско подрачје. Градот е сместен во центарот и на околните седум рида и затоа е познат по епитетот Град на седумте рида.

Плоштад Навона

Времетрањето на римската историја се проценува на две и пол илјади години, правејќи го еден од најстарите градови во светот кој сеуште егзистира. Бил главен град на Римското Кралство, Римската Република, Римското Царство, која била доминантна сила во Западна Европа и во земјите кои граничат со Средоземно Море.  Од I век од н.е. Рим бил седиште на Папата и по завршувањето на византиската доминација, во 8-ми век  станал главен град на државите со кои владеел Папата. Во 1871 година Рим станал главен град на Кралството Италија а во 1946  година и главен град на Република Италија.

Бескрајна димензија

Ова е град кој Ве плени на прв поглед. Ве обзема само после неколку мига откако ќе почнете да го дишете воздухот на Вечноста. Едно е јасно, дека не можете се да видите во него, ниту да посетите, ни запознаете. Но, мора однекаде да почнете. Наш предлог е да ја почнете прошетката од Колосеумот.

Колосеум

Кога ќе ја звршите обиколката на Колосеумот и поминете под Константиновата Арка некаде низ уличките што се движат во симетрични кругови со излез на едната страна ќе успеете да се појавите на познатата улица  Виа Венето.

Таму навистина ќе го дишете современиот воздух на Рим. Ќе поминете низ излозите на најубавите модни парчиња, затоа што меѓу другото Рим е познат по својот стил во Италијанската мода  позната како Римска мода.

Римјаните како впрочем и сите Италијанци се горди, на својата мода, на својот италијански спорт и на Италијански јазик, кој многу го негуваат и чуваат. Така што после неколку дена во Рим како и било каде на друго место во Италија ќе сфатите дека мора да се трудите да ве разберат и да поднаучите од нивниот јазик, затоа што многу е мал процентот од Италијаните што знаат евентуално француски или англиски. И, додека сте на Виа Венето не пропуштајте да се освежите со неповторливиот сладолед и италијанско кафе и продолжете. Имате уште многу пред вас, ќе Ви треба сила.

Плоштади и фонтани 

Рим е град познат по своите многубројни фонтани, изградени во сите различни стилови, од античкиот и средовековниот период до барокот и неокласицизмот. Градот има фонтани повеќе од две илјади години и тие се предвидени за пиење вода и декорирани на плоштадите во Рим. За време на Римското Царство во 98 година Секст Јулиј Фронтин, римски конзул кој бил именуван како чувар на водата во градот, Рим имал девет водопади кои полнеле 39 фонтани и 591 јавни базени, не сметајќи на водата доставена до кралското семејство, до бањите и до сопствениците на приватните вили. Секоја од главните фонтани е поврзана со две различни водопади, во случај едниот да биде исклучен. Тука се „Плоштадот на четирите страни на светот“ познат како Pjaca Navona , „Плоштадот на Шпанските скали“ , „Плоштадот Венеција“ и ако сето тоа не ви го зеде здивот подгответе се за неповторливата средба со Fontana Di Trevi  најпознатата  Фонтана на желбите. Колку е посетувана покажува фактот дека секоја година од фрлените парички Градот Рим собира околу 2 милиони евра, кои ги донира во Ватиканската Организација за школување на сиромашни деца.

 

Италијанска на далеку позната Пица

Продолжете со возење низ Рим околу реката Тибер преку  Воениот Музеј веднаш до првиот мост, делот на старите ископини познат како Капитол каде се заштитниците на градот Ромул и Рем и тоа ќе ве доведе до некој од типичните италијански ресторани за да пробате од далекупознатата италијанска храна,шпагети со морски плодови, пица во сите форми и содржини, пасти на стотици начини или зеленчук со морски плодови.

Филмско студио Чинечита-Рим

Рим е домаќин на студио најстарото Европско филмско студио Чинечита кој е најголем  објект на филмска и телевизиска продукција во континентална Европа и во центарот на италијанската кинематографија, каде што голем број од најголемите денешни кино благајни хитови се снимени. На 99-акр (40 ха) студио комплекс е 5,6 милји (9,0 км) од центарот на Рим и е дел од еден од најголемите продукциски заедници во светот, само втор после Холивуд , со и над 5.000 професионалци – во периодот на креаторите на костими па се до специјалистите за визуелни ефекти Повеќе од 3.000   филмови се  направени на неговото подрачје.

Тиволи

За да го видите преубавиот парк Тиволи сместен на некои 30-тина километри од Рим во рамки на  Римската провинција, треба да го посетите овој град меѓу април и октомври. Во другите месеци паркот е затворен. Затоа во пролетните, летните и раноесенските денови ако го посетите ќе видите неизмерна убавина, инспирација на душата и одмор на умот.

Не го напуштајте Рим додека барем една ноќ не поминте во некој или неколку негови локали, дискотеки и барови каде забавата трае до раните утрински часови. А наутро топло кафе и Римски кроасани во позната кафетерија која се наоѓа од левата страна на Плоштадот Навона, Dolce Vita, позната по тоа што во неа топло кафе и вкусен Римси доручек имале најпознатите светски имиња низ децении. Бидете една од нив.

И пред да заминете од Рим, вратете се уште еднаш на Фонатаната на желбите и фрлете паричка. Запомнете со десната рака преку левото рамо и замислете ја единствената желба:„ Да се вратите повторно во Рим“ , таму каде што имате единствена можност да  ја допрете вечноста а еден дел од срцето ќе ви остане заробено во неа.

Фонтана на желбите - Fontana Di Trevi

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.