Среќен 80-ти роденден на јунаците од секое детство Том и Џери

1647

Популарните јунаци од нашето (секое) детство, мачорот Том и глувчето Џери, оваа недела прославуваат 80 години постоење. Приказната за мачорот и глушецот кои живеат во иста куќа и постојано се во кавга и бркотница е измислена од филмската продукциска куќа МГМ. Автори на овој цртан филм се Бил Хана и Џо Барбера.

Првата епизода од омилениот цртан филм е објавена во 1940 година. Овој цртан филм беше толку успешен што доби номинација за Оскар за најдобар кус анимиран филм на студиото.За овие 80 години доби и ја одржа популарноста на глобално ниво.

Во 1957 МГМ го затвори студиото за цртани филмови, a Бил Хана и Џо Барбера  покренаа сопствена продукциска команија кој била  преместена во Прага, Чешка.

 

Правата за прикажување на цртаните филмови „Том и Џери“ сега се во сопственост компанијата Ворнер Брос. Пред католичкиот Божиќ оваа 2020 година се планира нов филм, со омилените Том и Џери.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.