The Backdoor Band промовираа нов сингл, насловен “Зајко”

83

Познатите охридски рокери The Backdoor Band го промовираа видеозаписот за нивниот нов сингл насловен како “Зајко”
Песната е настаната пред 10 – тина години како сатиричен и другарски опис на личноста спомената во истата и неговиот “рокерски” начин на живот.
Автор на музиката е Лазе Фармакоски, текстот е на Влатко Митревски и Жарко Јакимоски, а аранжманот е на целиот бенд.
Задолжен за снимање на аудиото, микс и мастеринг беше Ивица Јанкуловски во неговото студио “Алшар”.
Видеозаписот е сниман на локации во Охрид, а го снимаше и обработи Бојан Симјаноски.
Голема благодарност од бендот изразија до СУ Холдинг и клубот Рокенрола, како и до сите учесници во реализација на овој проект.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.