ВАЛЕНТИНА ЃОРГИЕВСКА ПАРГО ЗА “СВЕТ АУСТРАЛИЈА”: “Нашата естрада во Југославија и десеттина години во самостојна Македонија, беше чудо!” 

299
Екипата на “КулАрт” ве води до интервјуто кое нашата уредничка Валентина Ѓоргиевска Парго минатиот месец го даде за “Свет Аустралија”, наменето за целокупната балканска публика и балканска дијаспора, оттука е и објавено на латинично писмо.
Во неколку прашања, таа ги дава своите  одговорите со кои ги доловува и главните поенти, кои се темелат на нејзиното долгогодишно новинарско искуство. И, се потсетува:
– Уште во 2000 година добив исклучителна понуда и пишував за нашата естрада и музичка сцена во познатото германското списание ТОМ 10, што беше и прво претставување на наши музичари на европската читателска публика, за европски медиум, на англиски јазик. Мојот професионален однос кон сите нив е ист, сите кои ми се обратиле за објавување на вест, информација, проблем, интервју, сум излегла во пресрет, нивниот однос кон мене зависи од нивната култура, домашно воспитание и реализираност или нереализираност на сцена. Со сите големи уметници, кои и не би ги нарекла естрада, туку повеќе сценски уметници од голем калибар, имам повеќе од одлични релации (на фотографијата е со Џони Логан), близок професионален однос, често пати и професионални консултации и средби и долги разговори, објаснува новинарката. Но и додава за општо нарушените релации во последниве години, и е категорична:
-Ние прво не можеме да зборуваме за естрадата како систем, како организирана дејност, а последниве години во повеќе наврати се изгубија основните критериуми за нормално меѓусебно општење и однесување. Тие за жал не се однесуваат кон новинарите како кон сила, како кон фактори, особено ако се партиски пулени и партиски полтрони, ако се под нечија закрила.Тука е изгубена секаква смисла за нормална комуникација, пред се. Читаме препукувања, навреди, омаловажувања, недолично однесување. Оние уметници кои држат до себе, седат настрана и не влегуваат во пресметки и шеми. Јас одамна сум тргната од сето тоа, од 2012 година наваму следам со “едното уво”…Многу ретко нешто значајно се случува, по некој повратнички концерт на наши живи легенди кој не потсетува какви песни сме имале. Јас со години немам слушнато за некој подем, некоја амбиција која се развива. Сега и со пандемијата уште помалку. Нашата естрада во поранешна Југославија и десеттина години во самостојна Македонија, беше чудо. Нема ни траги од тоа.
За крај, во ова свое интервју, во кое одговара на прашањата од Биба Крнческа, на македонските музички уметници таа им  препорачува:
-Секој ден да преслушуваат снимки и да преслушуваат музика која овде се создавала во шеесеттите, седумдесеттите, деведесеттите и да го копираат нивното однесување кон естрадата, кон сцената, кон публиката и кон новинарите. Нивната внесеност во музиката. Да почнат со преслушување од првата мелодија на Драган Ѓаконовски Шпато па наваму, да се облагородат, без разлика каква музика создаваат и каква музика изведуваат. Да не ги набројувам нашите легенди кои оставија непроценливо музичко богатство, ги знаеме сите. Но не би го прескокнала Тоше Проески, октомври е месец во кој, тој е тука…
Целото интервју на следниот линк:
 
 
Тимот на КулАрт
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.