„Литературни пишувалки- патувалки 2021“ во Истанбул

202
Вечерва, 12 ноември 2021 година ќе се одржи литературната манифестацијата со меѓународен карактер – завршниот настан на проектотЛитературни пишувалки – патувалки 2021 во КИЦ на РСМ во Истанбулсо почитување на сите протоколи за заштита од ковид -19.

За таа цел на 12.11.2021 година во 13 часот во македонскиот културен центар во Истанбул ќе се одржи завршната манифестација на која воведно обраќање ќе имаат: директорот на КИЦ на РСМ во Истанбул – г-дин Рамадан Рамадани, генералниот конзул во Истанбул – г-дин Актан Аго  и програмскиот уредник на проектот – м-р Ели Маказлиева.

За литературните и педагошките аспекти на литературата за деца ќе говори: проф д-р Кристина Николовска, која ќе промовира некои од најновите наслови издадени во 2021.

Книгата за деца – сликовницата „ УЧАМ ГЕРМАНСКИ И ПАТУВАМ“ избрана на конкурсот за  наградата „ ПИШУВАЛКА –ПАТУВАЛКА“ ќе биде промовирана од страна на членовите на жири комисијата, а на авторите Драгана Мисирлиевска Јанкуловска и Елена Манасиеска, ќе им се доделат плакети.

Програмата  за оваа манифестација е богата со настани и програмски активности што ќе се реализираат и наредниот ден на 13.11.2021.

Во деновите на одржување на манифестацијата ќе се промовираат книги што се преведени од македонски на турски јазик и од турски на македонски, а за дискусија ќе се јават и другите учесници во проектот, на кои ќе се доделат признанија и благодарници,

На настанот се поканети автори на публикации во издание на ЕДУКА МАК, илустратор, промотори, наградени автори на конкурсот за најдобра книга за деца, соработници од турски издавачки куќи и нивни автори, претставници од детски градинки во Истанбул, претставници од КИЦ на РСМ во Истанбул, Република Турција.

Преку проектот Литературни пишувалки – патувалки 2021 “ се афирмира домашното литературно творештво и придонесува за збогатувањето на културната размена меѓу Северна Македонија и Турција. За таа цел планирано е да се потпише МЕМОРАНДУМ за меѓусебна соработка  помеѓу двете издавачки куќи: „ЕДУКА МАК“ од Скопје  и  GUNISIGI KITAPLIGI“ од Истанбул, за размена на лиценци и превод на книги за деца на турски и македонски јазик.

Проектот е инициран од издавачката куќа ЕДУКА МАК од Скопје и е поддржан од македонското Министерство за култура.

Издавачката куќа ЕДУКА МАК е специјализирана и единствена издавачка куќа која исклучиво се занимава со создавање и издавање на литература за деца во која спаѓаат сликовници, книги со поезија и раскази, едукативни прирачници за деца, месечното списание за деца „СУПЕР СМЕШКА“ и други изданија.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.