Вечерва гостување на Народниот театар од Ниш во Драмски со претставата „Брод на љубовта“

531

Вечерва (петок) во Драмски театар, ќе се изведе спектаклот „Брод на љубовта“ по текст на Небојша Ромчевиќ со гостување на Народниот театар од Ниш, Србија. По успешната соработка во рамки на меѓународниот фестивал „Театар на крстопат“ кој се одржа од 11 до 19 март, на кој Драмски театар гостуваше со претставата „Фестен“, овој пат Драмски е домаќин на една голема продукција во која учество имаат и македонски автори.

„Брод на љубовта“, од насловот на истоимената драма, е всушност траектот „Кримхилда“ што крстари на релацијата Либек – Санкт Петребург. Неговите патници се „свињи од истокот“ и „гомна од западот“ – како што ги нарекува авторот – т.е. сексуални печалбари од источноевропските (некогаш комунистичките) земји кои се во потрага по заработувачка и подобар живот, односно Европејци од средниот сталеж кои се во потрага по задоволства, забава и заборав.

Режисер на овој голем проект е Ангелчо Илиевски, автор на сценографијата е Валентин Светозарев а костимографијата на Марија Пупучевска. Бројна е екипата на овој голем проект, кој според зборовите на режисерот укажува на сложеноста на драматуршката структура затоа што  самиот драмски текст  го користел во комбинација со сценариото на филмот за да  направи адаптација, во која би ја заокружил генералната приказна и ги развил сите ликови и односи. Насловот на претставата е „Брод на љубовта“, а во суштина во неа нема ниту „грам“ љубов и оваа иронија го отсликува светот денес.

Големиот брод е љубовта, животот, гламурот за кој сите сонуваат а ги нема. Наместо тоа сиромашни се за вистинска љубов, чувства , мотив,..им недостига едноставно  живот.

Претставата е на репертоарот на Народниот Театар во Ниш од 2016-тата година.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.