Вечерва на платото пред МОБ ќе се одржи петтиот концерт „Мала Италија патува“

1139

Италијански, француски, латино и џез-звуци  се на програмата на петтиот концерт „Мала Италија патува” кој ќе се одржи вечер од 19.30 часот на отворено на платото пред Националната опера и балет.

Изведувач и иницијатор на проектот е Павле Камилоски кој пред публиката ќе настапи со шансони, канцони и  познати џез-песни.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.