Во Меморијалниот центар на холокаустот ќе биде одбележан Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот

1117

На 2. мај 2019 година, или 27 нисан, според хебрејскиот календар, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ќе го одбележат Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел.

Овој ден се  одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот.

Комеморацијата ќе се одбележи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало, со полагање цвеќе пред Споменикот на депортираните Евреи на плато пред Меморијалниот центар на холокаустот, обраќање на претседателот на ЕЗРМ г-ѓа Берта Романо-Николиќ, палење 6 меморијални свеќи и отворање на изложбата ,,Холокаустот низ призмата на детските очи“ – која ќе ја отвори Маја Суша, координатор на проектот

Настанот ќе започне во 12 часот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.