Во очекување на обожавателите- најава за нова песна од мега популарната група АББА

877

Деновиве преку Associated Press, одекна информацијата од  Бјорн Улвеус, еден од членовите на групата АББА, кој изјави дека  обожаватели на оваа мега популарна група може да очекуваат нова песна во септември или октомври.

Инаку групата се раздели пред 37 години (1982), после огромни успеси на светската музичка сцена, кои ги постигнаа по победата на Евровизија 1974 година со песната “Waterlo”.

Бјорн, открива дека видеото на песната ќе биде снимено со аватари на музичарите и затоа толку многу им е забавно и ги радува.

Претходно беше најавено дека Бјорн  Улвеус, Бени Андерсон, Агнета Фелтскуг и Ани-Фрида Лунгста се собрале за да испланираат вирутална турнеја со дигитални аватари. Беа најавени две песни, но засега една е сигурна насловена „I Still Have Faith in You“. Групата симбол на музиката на 70-80-тите години, секако ќе ги израдува бројните обожаватели низ светот.

 

Izvor http://associeted press

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.