Во Селианитика започна третиот дел од Европската конференција за размена и поврзување

955

Europe Convergence, со мотото да го промениме светот да биде подобро место за живот, веќе една година се работи проектот, во кој учествуваат претставници  од Франција, Македонија и Грција. Носејќи се според насловот за заедничка соработка и размена на знаења и искуства, после првата и втората сесија одржани во Дижон –Франција и Скопје-Македонија, оваа недела третата завршна сесија за оваа година се одржува во Грција, во гратчето Селианитика на Пелопонез некаде на северната страна на Коринтскиот залив.

Грачето се наоѓа на само 30-тина километри од градот и пристаниште Патрас, по многу нешта познат за Пелопонез а втор по големина град во Грција, после Атина.

 

40-тина учесници поделени во три групи: новинари, музичари и готвачи, како интеркултурни тимови ќе работат заедно. Додека готвачите ќе готват македонски, француски и грчки специјалитети, новинарите се подготвуваат да направат видео приказна, насловена како „Селианитика,  прекрасно место за посета…дали и за живот „  во кое, од неколку аспекти ќе го разработат животот на жителите на гратчето и оние што го посетуваат туристички, со назнака на еколошките аспекти на ова туристичко место.

Во музичкиот дел, веќе за своите настапи се подготвуваат трите групи: од Грција No reception, од Франција FolKlor и Македонската група на младите музичари Марко, Лилјана, Марко и Синиша, кои се познати како Групата Визија.

Готвачите во програмата ќе ги посетат Фабриката за сирење, Винаријата по која е познат овој дел и секако ќе одат на рибарење откривајќи го морскиот свет, кој ќе се потрудат на најориганален интернационален начин да го приготват за учесниците.

И додека траат првите подготовки после денешното отварање, учесниците ги откриваат убавините на ова место, единствено по самата локација, екстра соленото море, камените плажи и убавина која на моменти се чини дека не е реална.

Конференцијата завршува на 2-ри септември, по што во Франција ќе биде финализирана видео сторијата. Организаторот на проектот од Македонија е Волонтерски центар-Скопје, а целиот е финансиран од ЕУ и градот Дижон во Франција.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.