Во време на корона со Маргарита Христова – Експериментирање во кулинарството ми е главен предизвик

2222
Со Маргарита Хростова, естраден уметнтик од Битола секогаш е убаво да се комуницира и да се дружи, затоа што таа е позитивна, насмеана и со многу позитивна енергија. Затоа ја побарав во ова „време на корона“ , ем да не се заборавиме а и да дознаеме како Марга со својот дух ги поминува деновите на ограничени движења и изолација?
Како ја доживуваш оваа нова состојба?
Искрено, ја доживувам како еден вид раскрсница, која претставува скалило за сите нас, за човештвото. Средба со самите себе, што всушност е и најголемиот предизвик во самоизолација. Преиспитување на своите ставови, борба со себе и своите размислувања,прифаќање или менување на себеси. Всушност ова ни овозможи да ги увидиме сите грешки што сме ги направиле и како поединци,но и глобално. Едноставно, ставени сме пред едно искушение од кое мора да излеземе како победници и да сватиме дека силата е во самите нас.
Што правиш во време на корона ?

-Оваа количина на слободно време не сум ја имала никогаш, бидејќи животот секогаш ми бил динамичен и исполнет со движење, дружење, патување и најчесто отсутна од својот дом…Затоа овој период на изолација на мене делува позитивно, целосно дома со своето семејство, опуштено во заеднички разговори, читајќи и надградувајќи се себеси.

Средбите со пријателите ги заменив со подолги телефонски разговори. На почетокот следев се што се пишуваше за короната, но сега се сведов на минимум, бидејќи сите тие информации ми создаваа чуство на немир. А сега, кога времето е убаво поголем дел од денот сум во двор, пиејќи кафе и засадувајќи цвеќиња. Едноставно, имам време за се она што сум сакала да го правам а сум немала време. Но, кај себе си открив и една друга љубов -готвењето. Уживам да експериментирам разни рацепти што, во изобилството од време, ги наоѓам на интернет.

Дали  рестрикциите ти паѓаат тешко?
Ако сфатиме дека силата е во секој од нас самите, тогаш еден ден, но со заеднички сили сето ова ќе го поминеме лесно и со љубов. Мерките ги почитувам потполно и не ми паѓаат тешко, затоа што знам дека така треба да биде и само на тој начин почитувајќи ги, ќе се заштитиме себе си и нашите најблиски. Овие рестрикции се времени и секој може и треба да издржи за доброто на сите .
Што ти недостасува најмногу од „оној“ живот 
Патувањата, дефинитивно ! А и настапите..сцената ..публиката !
Колку време ќе ти треба после поминувањето на пандемијава да се вратиш на старо? И дали ќе биде по старо или треба да градиме нов живот?
– Што ќе донесе времето и каков ќе биде животот после ова не знам, но знам дека нема да биде исто. Да се трудиме од ова да излеземе како подобри луѓе, да шириме љубов а не отров на негативности. Да ја цениме слободата, да ја чуваме природата, да помагаме, да се почитуваме меѓусебно, да си го цениме здравјето, да го победиме егото. Едноставно да живееме со позитивни мисли ширејќи позитивна енергија.
М-р Татјана Гогоска
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.