За никогаш да не се заборави-Скопје го памети денот на големиот земјотрес

744

26 јули е денот кога се потсетуваме на еден тажен момент од животот на Скопје. Но, тоа е и ден кога треба да го славиме животот, да ја славиме хуманоста и подадената човечка рака. Никако не треба да ја заборавиме светската мобилизација за помош на Скопје и негоите жители. Исто така, овој ден е значаен бидејќи треба секогаш да се потсетуваме дека нема играње со приридата и дека ова може да му се случи секому.
И по 56 години важно е да се чествува овој ден и сите да се потсетиме на тоа што се случило. Важно е да ги потсетуваме и младите генерации на она што светот го направил за нас, зашто сама така ќе ги научиме што значи хуманост и подадена рака во тешки моменти.

Овој ден не го нарекуваме прослава, ниту пак чествување. 26 јули е ден паметник,ден на хуманоста, ден на добрите дела и ден за сеќавање на сите што не се повеќе со нас.
 Биља Крстиќ – најпознатата српска и балканска етно дива, која во својот редовен репертоар има голем број на македонски традиционални композиции, лидер на оркестарот Бистрик, со кој има одржано голем број концерти ширум светот.  Танос Ставридис – нејпознатиот грчки accordion (хармоника) музичар, кој соработува со некои од најпознатите балкански етно и џез музичари, професор на “Traditional Music of the Technological Educational Institute of Epirus”, основач на “Hellenic Association of Accordion Teachers”.  Влатко Стефановски – најпознатиот македонски и еден од водечките балкански музичари и . Биг Бенд – составен од некои од најпознатите и најдобри македонски музичари, под водство на Љупчо Мирковски, познат македонски музичар и композитор.
Градски парк-Школ,ка  од 20 часот во чест на сите оние кои не се повеќе со нас, но и во слава на сите ки помогнаа Скопје да се издигне како Феникс!

Со своја Програма МКЦ го одбележува овој ден како ден кога поминаа 
 56 години од скопскиот катастрофален земјотрес. МКЦ за Скопје е настан кој нѐ потсетува на солидарноста на скопјани, на солидарноста кон Скопје, на интензивноста, обединетоста и хуманоста на луѓето.

Програма е разновидна и достапна за сите заинтересирани.

18:30 / Детски работилници
Детска работилница за уметност на тема „Мојот град, моето омилено место“.
Работилницата е наменета за деца од 5-10 години. Работилницата има за цел преку колажирање, цртање и сликање да ја поттикне детската имагинација, експериментирање, слободното изразување и оригиналност.

„Пишуваме-илустрираме: Моето Скопје“ -креативна работилница за деца од 7 до 12 години, за креативно пишување и илустрација на напишаните текстови на тема „Моето Скопје“. Децата ќе имаат можност да пишуваат приказни и песнички (и нив да ги илустрираат) – за нивното омилено место во Скопје…

19:45 – 20:30 / слушачка промоција
LP компилација „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“
20:30 – 21:15 / слушачка промоција
LP компилација „Има ли забава – Macedonian new wave 1981-1985“
21:15 – 21: 45 / Промоција „македонска-Дискографија-Винили (1958-2019), Прв том од Тошо Филиповски. 

Музичка програма:
21:50 – 22:30 СВЕТЛОСТ
22:45 – 23:20 Јордан Костов Трио // Шумски свет
23:30 – 00:10 Роботек (live)

00:15 / Кино на трева во МКЦ парк
Проекција на филмот „Ослободување на Скопје“, режија Данило и Раде Шербеџија

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.